13 факти за автосугестијата што сигурно не сте ги знаеле досега

Благодарение на духовните мудрости, кои земаат сè поголем замав во последно време, многупати сме слушнале за автосугестија. Затоа и познато ни е дека станува за еден вид самопомош, но што точно претставува таа? Во продолжение следуваат 13-те моќи на автосугестијата кои ќе ви помогнат да водите поубав и поисполнет живот.

(1)13-raboti-za-avtosugestijata-koi-ne-ste-gi-znaele-kafepauza.mk.jpg

1. Автосугестијата е инструмент со кој треба да научиме да се служиме, исто како со оружје. И најдоброто оружје кога ќе се најде во неискусни раце, дава слаби резултати. Доколку истите раце стекнат искуство, истото оружје ќе даде многу подобри резултати.

2. Свесната автосугестија која е применета со верување, како во неа така и во самите себе, се остварува со математичка точност во границите на она што не се противи на здравиот разум.

3. Ако извесна личност не ги постигне очекуваните резултати од автосугестијата, тоа е затоа што не верува во себе, или пак ја применува со многу напор. За автосугестијата да се употреби правилно, многу е важно да не се применува со напор. Напорот го наметнува присуството на желба, а употребата на желбата мора да се избегне, бидејќи сè што треба да користите е вашата фантазија.

4. Голем е бројот на луѓе кои долго и залудно се лечеле со автосугестија мислејќи дека веднаш ќе оздрават. Тоа е голема грешка. Од сугестијата треба да се бара само она што таа може да го даде, односно, постепено оздравување, кое малку по малку се претвора во целосно излекување, ако тоа е воопшто можно.

5. Многу надрилекари употребуваат постапки кои се сведуваат на автосугестија. Без разлика дали е баење, гестикулација, или нешто слично, целта на постапката е кај болниот да предизвика лекување со автосугестија.

6. Спротивно на широко распространетото мислење, физичките заболувања се лекуваат многу полесно од психичките.

7. Бифон рекол: „Стил, тоа е човекот“, но ние велиме: „Човекот е тоа што тој мисли дека е“. Стравот од неуспех води токму кон тоа – неуспех, исто како што и мислите за успех водат до самиот успех.

8. Убедувањето е потребно и за тој што ја применува сугестијата, но и за оној на кого се применува. Тоа убедување, таа вера, прави да се постигнат успеси онаму каде што сè друго било неуспешно.

9. Сопствената сугестија е секогаш посилна од сугестијата на некој друг.

10. Некогаш се верувало дека со хипноза можат да се лечат само психички и нервни заболувања, но нејзиниот домет е многу поголем. Со хипноза се делува преку нервниот систем, а нервниот систем е тој којшто управува со целиот организам. Затоа, преку него може да се делува на сите заболени органи.

11. Трпението и истрајноста ја сочинуваат силата на една личност и затоа треба да ги користите што почесто.

12. Никогаш не го заборавајте основниот принцип на автосугестијата: „Секогаш бидете оптимистични, дури и кога изгледа дека ситуацијата се противи на тоа.“

13. Сугестијата заснована на убедување е огромна сила.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар