8 новогодишни совети против стрес

Доколку чувствувате нервоза и не стигнувате да ги завршите сите задачи во текот на денот, ви предложуваме да ги разгледате следниве неколку совети кои ќе ви помогнат релаксирано да ги дочекате новогодишните празници.

(0)-8-novogodishni-soveti-protiv-stres-kafepauza.mk

1. Броење

Доколку во текот на денот одеднаш почувствувате стрес, почнете бавно да ја разгледувате просторијата во која се наоѓате. Застанете со погледот на секој предмет, дури и на најмалите ситници и избројте ги. Со овој едноставен трик брзо ќе ја смирите вашата нервоза. Доколку се изгубите во броењето почнете од почеток, но најважно е да не брзате. Стресот ве забрзува и затоа треба да се обидете да го намалите интензитетот на емоциите кои ги чувствувате.

2. Цртање

Во секоја напната ситуација каде што мора да се воздржите од зборување, најдете хартија и молив и веднаш почнете со цртање. Цртајте што било – портрет, кругови или чкртаници. Едноставно дозволете им на вашите емоции да почнат да течат од несвесното кон свесното преку вашата рака.

3. Исклучете го стресот

Ако сте гледале индиски филмови, веројатно сте забележале дека танчарките прават комплицирани движења со прстите. Што мислите, зошто? Најкраткиот одговор е дека нашите дланки и прсти се проводници кои се тесно поврзани со централниот нервен систем. Допирот може да го подобри расположението, да ве смири и да ви даде сила. За да ја отстраните анксиозноста или нападот на паника, со палците притиснете на средина од дланката и вдишете длабоко. Повторувајте го истото десетина секунди.

4. Релаксирање

Брадата е зона во која се концентрира напнатоста. Токму затоа и кога сме лути инстиктивно почнуваме да ја собираме вилицата. Па, доколку сакате да го вратите доброто расположение, малку подотворете ја устата и полека свртете ја главата десно, па лево и притиснете ја брадата на градите. Повторете го ова 10 пати и веднаш ќе почувствувате опуштање.

5. Синхронизација

Синхронизираните движења ги инхибираат нервните процеси. Токму затоа и плетењето ги смирува нервите. Ако не сте во состојба да носите игли за плетење, тогаш погрижете се со вас секогаш да имате мастики за џвакање. Не е ни чудно што малите деца плачат кога ќе им ја одземат цуцлата.

6. Враќање во детството

Кога ќе се вратите од работа уморни, не гледајте вести на телевизија, туку пуштете цртани филмови или некоја од вашите омилени филмски бајки. Детскиот свет е свет на безгрижна среќа кој не мора да го оставите зад себе откако ќе пораснете.

7. Танцување

Танцувањето како спорт го стимулира лачењето на ендорфини – хормонот за среќа. Тоа исто така е и еден начин на самозапознавање. Дали сметате дека сте пред емотивна експлозија? Пуштете ја вашата омилена музика и заиграјте, колку тоа и да ви изгледа тешко во тој момент.

8. Туширање

Пуштете млака вода, застанете под туш и затворете ги очите. Дозволете ѝ на водата слободно да паѓа од вашата глава кон петите. Откако ќе почнете да чувствувате смирување, кажете ѝ на водата гласно што ве мачи, бидејќи таа има моќ да ги измие лошите нешта од вас и многу да ви помогне.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар