6 причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната

Лимонот е популарно цитрусно овошје што најчесто се користи за правење пијалаци и преливи за салати, а ретко се јаде самостојно за разлика од портокалот и мандарините. Тој претставува добар извор на витамин Ц и флавоноиди кои допринесуваат за подобро здравје. Прочитајте ги и следниве 6 причини зошто лимонот е многу добар за вас.

6 причини зошто треба почесто да користите лимон во исхраната

1. Го смалува ризикот од мозочен удар

Според една 14-годишна студија од Америка во која учествувале 70.000 жени, оние што јаделе најмногу цитруси имале за 19% помал ризик од исхемичен мозочен удар во однос на оние кои јаделе малку овошје.

2. Спречува развој на хипертензија

Едно истражување од Јапонија покажало дека жените што секојдневно користат лимон во исхраната имаат понизок крвен притисок во споредба со оние кои не јадат лимон воопшто.

3. Го забавува стареењето на кожата

Витаминот Ц во лимонот го поттикнува создавањето колаген кој е од клучна важност за превенција од брчки. Овој витамин како и другите антиоксиданси што лимонот ги содржи се борат против загадувањето и оштетувањето што настануваат поради УВ зрачење.

4. Помага при превенција на астма

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат поголема количина на одредени намирници, меѓу кои е и витаминот Ц, го смалуваат ризикот од развој на астма. Една студија покажала дека тој исто така ги ублажува симптомите кај луѓето со астма кога ќе настинат.

5. Ја подобрува апсорпцијата на железо

Недостатокот на железо е главен причинител за анемија и во развиените земји е меѓу најчестите здравствени проблеми. Консумирањето намирници богати со железо во комбинација со витаминот Ц ја подобрува способноста на организмот да го апсорбира железото од храната.

6. Го јакне имунитетот

Храната богата со витамин Ц и флавоноиди, како што се лимонот и останатите цитруси, го јакне имунитетот и го смалува ризикот од настинка и грип.

Дознајте и за овие примени на лимонот во третманите за здравје и убавина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар