Тајната за вашиот успех се крие во личноста со која ќе стапите во брак

Знаеме дека најчесто паметните луѓе завршуваат заедно, но која е причината за тоа? Зошто некои парови се успешни во животот, додека кај други успехот ги одминал и двајцата? Нема сомнение дека луѓето кои ги пуштаме во нашиот најблизок круг на пријатели, влијаат на нашиот живот. На пример, доколку се опкружиме со луѓе кои одбиваат да стануваат рано наутро и да направат нешто, најверојатно и ние ќе се соочиме со истото. Луѓето со кои се опкружуваме влијаат на нашето напредување во животот. Кога станува збор за брак, нашите љубени имаат голема улога во тоа.

(1) nata-za-vashiot-uspeh-se-krie-vo-lichnosta-so-koja-kje-stapite-vo-brak

Според едно истражување објавено од Универзитетот Карнеги Мелон, брачниот партнер влијае на одлуките кои ги донесуваме, играјќи голема улога во тоа дали ќе успееме во животот или не. Името на оваа студија е „Врските со поддршка се поврзани со желбата за следење можности“, и била објавена во 2017 година.

Истражувањето било објавено во списанието Личност и социјална психологија и јасно навело дека брачните парови кои се поддржуваат повеќе би прифатиле предизвици кои ќе им помогнат на партнерите на долгорочен план. Тие играат голема улога, донесувајќи среќа и пораст на самата врската.

Колку повеќе вашиот партнер би прифаќал предизвици, толку попозитивна ќе биде вашата врска.

Апстрактот на истражувањето гласел вака:
Одлучувањето да се прифатат предизвикувачките можности може да претставува животен контекст преку кој поединците можат да напредуваат и овие одлуки може да влијаат на љубовната врска. Брачни парови беа снимани додека на еден од партнерите му беше даден предизвик и можност да одлучи дали ќе го прифати. Ние одлучивме да ги следиме брачните парови во наредните 6 месеца, без разлика дали ќе го прифатат предизвикот или не. Резултатите покажаа дека одредени однесувања на поддршка од партнерот влијаеле на донесувањето одлука за прифаќање на предизвикот, која пак потоа довела до успешни долгорочни резултати. Исто така, резултатите покажале дека во почетокот се појавила мотивација кај другиот партнер, која била извор на задоволство во врската кое било предвидено. Се разгледуваат импликациите и упатствата за понатамошно истражување.

Истражувачите заклучиле дека ваквото однесување влијае добро на врската. Иако групата на која било извршено истражувањето била мала, 163 брачни пара, сепак резултатите излегле точни. Колку повеќе се пробива едниот партнер, толку е поголема веројатноста дека парот ќе се издигне на скалата за успех.

Прочитајте повеќе и за ова истражување што ни покажува дека најдобриот пат до успехот е сарказмот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар