Истражување: Најдобриот пат до успехот е сарказмот

Сарказмот е навистина неверојатен, без разлика дали ви се допаѓа или не. Секој сака добар сарказам кој може да ве насмее, па можеби дури и да ве навреди. Без разлика што често се мисли дека сарказмот не е добар за работното опкружување, едно истражување од Харвард го покажало спротивното.

Истражување: Најдобриот пат до успехот е сарказмот

Се покажало дека сарказмот е всушност многу добра ментална вежба.

„За да се создаде или за да се декодира сарказмот треба да преовладува контрадикција, односно психолошка одвоеност помеѓу буквалното и вистинското значење на саркастичниот израз. Тоа е процес којшто активира и создава апстракција, а потребен е и за креативното размислување“, изјавила Франческа Џино која била дел од истражувањето.

„Саркастичните луѓе подобро ги завршуваа креативните задачи за разлика од оние кои беа искрени или беа контролирани од услови. Ова покажува дека сарказмот создава креативност“, објаснил Адам Галински, дел од истражувачкиот тим.

Воглавно, саркастичните коментари го терале тимот да работи покреативно, па понекогаш е добро да се опуштите со повремени и смешни коментари.

Ова се одлични вести за луѓето што сакаат да користат сарказам, но пред да почнете, научниците нагласуваат дека треба да бидете внимателни. Не треба секаде и секогаш да бидете саркастични доколку не сакате да ги повредите луѓето. Потребно е да знаете кога да сопрете и да внимавате на контекстот. Исто така од голема важност е и меѓусебната доверба, како и комуникацијата.

„Иако повеќето претходни истражувања укажуваат дека сарказмот е штетен за комуникацијата бидејќи покажува презир, ние откривме дека сарказмот помеѓу поединци кои си веруваат не создава презир, туку искреност“, додал Галински.

Дознајте и зошто интелигентните луѓе обожаваат сарказам.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар