6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок

6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок

Кога ќе се заљубите, честопати помислувате на влијанието што го има љубовта врз срцето и душата. Но, има уште еден орган врз кој љубовната врска има силно влијание – вашиот мозок. Кога сте во врска, некои делови од вашиот мозок се активираат, а некои се исклучуваат. Прочитајте како љубовта го менува начинот на размислување и како мозокот се справува со вашата романса.

6 неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок

1. Се чувствувате зависни

Дали некогаш сте слушнале дека љубовта е дрога? Па, можеби има одредена вистина во тоа. Интензивните страсни чувства активираат дел од мозокот што се активира кога лицето зема дрога, па затоа се чувствувате еуфорично и имате желба за уште повеќе. Љубовта можеби е многу поздрава зависност, но сепак сте зависник.

2. Почнувате да размислувате во множина

Веќе нема само „јас“. Сега треба да мислите за двајца, а вашиот мозок автоматски ќе ги прифати промените.

Едно неодамнешно истражување откри дека користењето заменки во прво лице еднина почесто се поврзува со депресијата отколку ако велите „ние“ и „нас“. Тоа е уште доказ дека здравите врски се бесценети.

3. Сакате повеќе и станувате помудри

Заљубувањето е добро за вашето срце, но и за вашето ментално здравје. Заљубените личности имаат повисоко ниво на допамин, што е поврзано со задоволството, со страста и со еуфоријата. Истражувањата покажуваат дека луѓето што имаат здрави односи живеат подолго и тие се посреќни, помудри и имаат подобро ментално здравје.

4. Ги поддржувате другите повеќе

Една од најголемите придобивки од заљубувањето и од врската е тоа што ќе научите како е да се потпрете и да го поддржувате партнерот. Градењето доверба во врската е клучно, а вашиот мозок ви помага во тоа.

Истражувањата откриваат дека кога ќе се заљубите, се исклучува фронталниот кортекс – областа од мозокот што е одговорна за проценка. Кога сте заљубени, помалку е веројатно да бидете критички настроени или скептични кон личноста за која се грижите.

5. Се ослободувате од стресот

Вашиот мозок никогаш нема да заборави како се чувствувавте при првиот допир со личноста во која сте заљубени. Ако сте во здрава врска, доволно е да го држите партнерот за рака за да се опуштите, да го намалите крвниот притисок, да ја олесните физичката болка и да го подобрите вашето здравје. Здравата љубовна врска ги менува функциите на мозокот.

6. Се чувствувате безбедно

Слично како првата поврзаност што бебето ја има со својата мајка, такво чувство на сигурност ќе се појави и во вашата врска. Како што стареете и се менувате, вашето тело се сеќава на мозочните циклуси и фази што сте ги поминале во младоста и ќе ве потсети на чувството на сигурност.

Истражувањата покажуваат дека кога сте заљубени, се исклучува делот од вашиот мозок што ги контролира стравот и негативните емоции.

Прочитајте колку време е потребно за да почнете да правите различни работи пред партнерот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар