6 навики што ќе ви го олеснат животот кога сте под многу стрес

Само затоа што треба да работите напорно за да заработите, не значи дека животот треба да биде мачење. Постојат навики кои можат навистина да ви го олеснат животот. Вистината е дека веројатно не сте ни свесни дека повеќето од нештата за коишто се грижите воопшто не се толку многу важни. Па ако ви е потребна помош, овие навики кои се одобрени од експертите ќе ви бидат од корист.

6 навики што ќе ви го олеснат животот кога сте под многу стрес

1. Престанете со одложувањето еднаш засекогаш

Ако редовно ги одложувате работите за подоцна, најверојатно оваа особина е главен дел од вашиот живот. Но, ова однесување воопшто не ви го прави животот полесен. Одложувањето всушност се наоѓа високо на листата со нешта што го прават животот потежок бидејќи кога некоја обврска ве демне, истото важи и за притисокот да ја завршите. Често ги одложуваме нештата кога задачата е премногу тешка, збунувачка или непријатна. Па како да совладате нешто што не сакате ни да го започнете? Постојат неколку стратегии за ова. Првата е само да започнете, дури и ако тоа значи да сработувате по многу малку пред спиење. Можете да направите и систем со пријател кој ќе ве тера да бидете одговорни, или па да си дадете награда кога ќе завршите нешто.

2. Пристапувајте кон сè во животот со благодарност

Понекогаш стресот си го создавате самите, а ако го промените начинот на кој ѝ пристапувате на некоја ситуација, стресот лесно ќе исчезне. Кога ќе ги промените вашите мисли за да можете да се фокусирате на позитивното и навистина да бидете благодарни за тоа, вие наново ја пишувате вашата хемија и вашата способност да создавате среќа. Со други зборови, позитивните мисли водат до позитивен резултат.

3. Тргнете се од телефонот

Бидете искрени, дали го носите телефонот со вас и во тоалетот? Дали не можете да поминете долго без да ги проверите социјалните мрежи? Постојаната поврзаност е благослов, но и клетва. Истражувањата покажале дека тоа што постојано ги имаме нашите направи со нас не само што има влијание на вниманието и меморијата, туку го зголемува нивото на кортизол, а со тоа и стресот на кој сме изложени. Па наместо да посегнете по телефонот кога имате слободно време, искористете го да вдишете длабоко и да размислите за себе.

4. Планирајте однапред секогаш кога можете

Подготвувањето однапред за задачи, мали или големи, навистина ќе ви го олесни животот бидејќи кога ќе дојде време да се соочите со задачата, веќе сте и психички подготвени за неа. Овој трик не мора да го користите само за најважните аспекти од вашиот живот. Можете да направите план и за малите нешта, како правење ручек или одбирање на облеката за утрешниот ден.

5. Инвестирајте во планер

Планерите се нешто неопходно, без разлика на вашата возраст. Користењето каков било планер, без разлика дали е во форма на тетратка или е на вашиот телефон, создава структура и ви дава некоја предвидливост во хаотичниот распоред. Исто така употребувајте го и календарот на вашиот телефон за да направите потсетници кога треба да завршите нешто важно.

6. Запомнете, во ред е да кажете „Не“

Ова е навика што сигурно ќе ви го олесни животот на долгорочен план. Сосема во ред е да одбиете некој кога ќе ве замоли нешто. Претераното согласување со сè е најголемата причина што сте под стрес и што чувствувате како денот да има премалку часови. Можеби ова е полесно да се каже отколку да се направи, но ќе се воодушевите кога ќе сфатите колку товар сте тргнале од вас. Се разбира, не треба да претерувате. Постојат работи во животот кои не можете да ги одбиете.

Пробајте ги и овие кратки совети за брзо ослободување од стресот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар