6 начини на кои есенцијалните масла можат да бидат штетни по здравјето

6 начини на кои етеричните масла можат да бидат штетни по здравјето

Етеричните масла се едни од најпопуларните производи кои се наоѓаат денес на пазарот. Благодарение на социјалните медиуми, тие лекуваат сѐ – од мигрени до егзема. Тие имаат неверојатно моќни терапевтски придобивки и постојат многу истражувања кои го потврдуваат истово. Но, не значи дека ако доаѓаат од растенија автоматски се и целосно безбедни.

1-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjeto

Не плашете се од етеричните масла, но внимавајте при нивната употреба. Никогаш не оставајте тие да дојдат во контакт со дете. Кон нив однесувајте се како со кој било вид лекови. Истражете ги маслата пред да ги користите бидејќи тие имаат различни нуспојави.

1. Оштетувања на кожата, отекување и горење

Некои етерични масла можат да предизвикаат изгореници од сонце. Пред да тргнете на плажа или во солариум проверете дали имате фотосензитивно масло на вашата кожа. Реакциите од таквото масло можат да бидат во вид на обелување на кожата или болни изгореници.

Фотосензитивни масла се:
  • Етерично масло од бергамот
  • Етерично масло од лимон
  • Етерично масло од лимета
  • Етерично масло од ким

2. Претставуваат опасност за бебиња и бремени жени

Бебињата, бремените жени и оние кои ги дојат децата треба да бидат особено внимателни со ваквите масла. Тие треба да бидат разредени т.е. околу 1% етерично масло да биде растворено во друг вид масло, како на пример кокосовото. Етеричното масло од рузмарин и лаванда никогаш не смеат да го користат бремени жени, дури и да ако се разредени. Исто така се препорачува да не користите вакви масла на бебиња кои се под 1 година. Најбезбедно е да се држите до продукти кои се направени специјално за бебиња и бремени жени, наместо да правите домашни масла.

Бремените жени треба да ги избегнуваат следниве масла:
  • Етерично масло од жалфија
  • Етерично масло од див пелин
  • Етерично масло од естрагон
  • Етерично масло од зимзелени дрвја

2-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjeto

3. Иритација на кожата и чешање

Малку масло од пеперминт на задниот дел од вратот ја намалува главоболката, но може и да создаде сериозна иритација на кожата. Многу масла ја иритираат кожата ако се нанесат пред да се разредат. Направете мал тест пред да нанесете какви било масла на поголема површина од вашата кожа, дури и кога се разредени со друг вид масло. Не претпоставувајте дека секое масло е безбедно за употреба директно на вашата кожа.

Ова се неколку масла кои предизвикуваат иритација на кожата:
  • Етерично масло од лимонова трева
  • Етерично масло од ливчиња цимет
  • Етерично масло од цитронела
  • Етерично масло од дафина

4. Опасност за мали животни

Етеричните масла воопшто не се безбедни за домашните миленичиња. Освен ако имате многу големо животно, како коњ, тогаш не користите етерични масла врз нив. Ако веќе сакате да користите масла, прво консултирајте се за ова со ветеринар.

3-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjeto

5. Опасни се по здравјето на луѓе со здравствени проблеми

Дури и вдишувањето на некои масла може да предизвика нуспојави за луѓето со здравствени проблеми. Не користите етерични масла во присуство на луѓе со здравствени проблеми од типот на астма и срцеви маани, освен ако не работите со искусен ароматерапевт.

6. Предизвикуваат смрт при орална конзумација

Постојат масла кои орално се внесуваат, но тоа е многу ризично. Маслата од зимзелени дрвја или малолисно нане можат да бидат особено фатални. Некои отровни масла предизвикуваат и спонтан абортус. Други пак може да предизвикаат иритации ако се премногу стоени. Прескокнете ја оралната употреба, освен ако не ви е препорачана од доктор.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар