25 инспиративни цитати за убав почеток на неделата

Еден љубезен збор може да ви го промени денот, една убава мисла може да ве воздигне и да ви даде сила, 25 такви ќе ви ја направат цела недела полна со оптимизам.

25-inspirativni-citati-za-ubav-pochetok-na-nedelata-kafepauza.mk

1. „Негативните мисли никогаш нема да ти донесат позитивен живот.“

2. „Вистинското созревање е кога некој ќе те повреди, а ти се обидуваш да ја разбереш неговата ситуација наместо да му вратиш повредувајќи го.“

3. „Грешките се доказ дека сте се обиделе. Не откажувајте се.“

4. „Загриженоста не ги отстранува утрешните проблеми ами го одзема денешниот мир.“

5. „Болката не се појавува во нашите животи без причина. Таа е доказ дека нешто во нашиот живот треба да се промени.“

6. „Еден од најсреќните моменти во нашиот живот е кога ќе имаме храброст да го оставиме зад себе она што не можеме да го промениме.“

7. „Кога ќе посакаш да се откажеш, сети се зошто си почнал.“

8. „Еден љубезен збор може некому да му го промени целиот ден.“

9. „Судбина – не ги прави работите полесни туку возможни.“

10. „Секогаш верувај дека нешто прекрасно ќе се случи.“

11. „Само еднаш се живее, но ако го правиш тоа како што треба, и еднаш е доволно.“

12. „Тајната за напредок е во правење на првиот чекор.

13. „Животот е како океан. Може да биде мирен или тивок, бурен или груб, но сепак, секогаш убав.“

14. „Секогаш ќе има нешто за кое ќе бидете благодарни.“

15. „Бидете она што сте, а не она што светот сака да бидете.“

16. „Сомнежот убива повеќе соништа отколку неуспехот.“

17. „Единствен начин за да успеете е да не гледате што другите работат или пак зборуваат.“

18. „Да знаеш кога треба да заминеш е мудрост. Да можеш да го направиш тоа е храброст. Да заминеш со дигната глава е достоинство.“

19. „Треба да разбереме дека некои луѓе можат да останат во нашите срца, но не и во нашите животи.“

20. „Ако секогаш гледате наназад ќе заборавете што има пред вас.“

21. „Никој не може да се врати назад и да создаде нов почеток. Но секој може да почне сега и да создаде сосема нов крај.“

22. „Во животот ќе наидете на два типа луѓе. Првите ќе ве подигаат нагоре, а вторите ќе ве носат надолу. На крај ќе им бидете благодарни и на обата.“

23. „Простете им на другите. Не затоа што тие ја заслужуваат вашата прошка туку затоа што вие заслужувате мир.“

24. „Животот не станува полесен туку ние стануваме посилни.“

25. „Не судете некому по минатото. Тој веќе не живее таму.“

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар