5 причини зошто не ве повикува на втор состанок

Постојано ви пишува и ви се јавува, но не ве бара за втор состанок. Можеби мислите дека веќе не му допаѓате по првиот состанок, но постојат и други причини за тоа.

5 причини зошто не ве повикува на втор состанок

1. Одлучил да земе здив

Вакви паузи прават оние што немаат храброст директно да кажат дека врската е завршена. Но, бидејќи вашата сè уште не започнала, причините можат да бидат многу разновидни. Можеби сака да ви приреди изненадување на вториот состанок, но не знае што да ви подари или едноставно сака да разберете колку заеднички интереси ќе имате сè додека не се заљуби во вас.

2. Премногу е зависен од социјалните мрежи и од апликациите за запознавање

Психолозите велат дека можноста за запознавање преку социјалните мрежи стана вистински проблем и за двата пола на возраст помеѓу 18 и 45 години. Флертувањето преку Интернет на многумина им создава илузија дека секогаш можат да пронајдат друг потенцијален партнер, па затоа не вреди да избрзуваат. Таквиот зависник ќе го препознаете уште на првата средба бидејќи најверојатно нема да го испушти телефонот од раце или постојано ќе разговара за тоа како претходно имал состаноци со девојки од апликациите преку кои се запознале.

3. Се плаши дека не ви се допаднал

Можеби си мисли дека не сакате да ги продолжите средбите на романтичен начин. Во таква ситуација, одржувањето на комуникацијата без да ве викне на состанок, но со повици или со допишување, значи дека го чека вистинскиот момент.

4. Тој е работохолик

Човек кој веќе некое време нема сериозна врска најчесто е внесен во градењето кариера толку многу што има план и за следната недела. Ако се најдете во таква ситуација, ќе треба да се вооружите со трпеливост и да го почекате моментот кога ќе биде во можност да закажете втор, трет или сите последователни состаноци.

5. Премногу е срамежлив

Неизвесните чувства и реакции може да биде предизвикани од прекумерна срамежливост. Понекогаш оваа „болест“ влијае и на момците кои изгледаат самоуверено однадвор заради нивниот весел изглед. Тој се плаши од одбивање, па се обидува да открие што чувствувате за него.

Прочитајте кои реченици жените сакаат да ги слушнат повеќе од „те сакам“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар