5 лоши здравствени навики што ги имаат многу луѓе кои работат на компјутер

5 лоши здравствени навики што ги имаат многу луѓе кои работат на компјутер

Пандемијата целосно го смени нашиот начин на живот, а една од промените што ги донесе со себе е работењето од дома.

5 лоши здравствени навики што ги имаат многу луѓе кои работат на компјутер

Многумина ги заменија канцелариите со сопствената дневна соба, а сите оние фантазии за тоа како работата од дома е дел од работата од соништата паднаа во вода. За да работиме од дома, честопати ни треба повеќе концентрација, подобар дневен план и челични нерви за да се одбраниме од разните одвлекувања на вниманието. Ако имате и деца, работата од дома станува научна фантастика. Но, грижите не завршуваат тука. Постојат голем број грешки што сите постојано ги повторуваме кога седиме зад компјутерот и тие може да се случат без разлика дали работите од дома или од удобноста на вашата канцеларија.

1. Заборавате да трепкате

Гледањето во компјутер понекогаш трае со часови, а многумина не забележуваат дека не трепкаат доволно. За да избегнете непријатни последици за очите, затворете ги очите малку на секои 15 минути и отворете ги без брзање. За дополнителен одмор за очите и главата, тргнете ги очите од мониторот и гледајте во друга насока најмалку 30 секунди.

2. Имате премногу висока тастатура

Премногу високата тастатура бара држење на рацете во неприродна положба, со што се зголемува можноста за развој на тендинитис. За да избегнете ризик од овој синдром, не работете на тастатура која е повисока од три центиметри.

3. Не пиете доволно вода

За да му дадете на вашето тело доволно хидратација, пијте доволно вода, без разлика дали работите од дома или во канцеларија.

4. Не станувате од столот

Седењето на еден стол во иста позиција во текот на целото работно време има исклучително лошо влијание врз здравјето на вашите коски. Обидете се да го замените столчето со топка за пилатес, станувајте редовно и во моменти кога имате неколкучасовна работа за која е потребно да седите, поместете ги нозете, рацете и станете неколку моменти и потоа повторно седнете.

5. Нозете не го допираат подот

Исклучително е важно нозете да го допираат подот и да не се виткате премногу ако работите на компјутер. Ваквото неправилно држење на телото е исклучително лошо за вашето здравје. Држете го вашиот компјутер доволно високо, а стапалата на подот или на потпирачот за нозе што ви обезбедува да седите во добра позиција.

Прочитајте за овие 8 чудни лекови за мигрена што навистина функционираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар