Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Според компанијата „Левис“, потрошувачите во моментов сакаат колку што е можно поудобна облека и затоа „Левис“ е подготвен да започне авантура за правење разни модели на т.н. „широки“ фармерки. Извршниот директор најави дека „Левис“ во моментов ги приспособува своите погони на новите трендови.

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тој изјави дека трендот на широки и понеформални парчиња во моментов е претставен во дизајнот на друга облека. Покрај „Левис“, новите модни трендови ги препознаа и други компании во модната индустрија. Американскиот бренд JNCO од Лос Анџелес ги лансираше своите добро познати модели на широки фармерки, кои беа особено популарни во текот на 90-тите години на минатиот век. Иако пандемијата негативно влијаеше на работата на многу брендови, продажбата на овие модели на фармерки порасна. Широките фармерки имаат култен статус и се удобни и тоа е она што луѓето го бараат во моментов.

Сепак, промената на стилот и воведувањето нов-стар дизајн, барем кога станува збор за „Левис“, не беше доволно за компанијата да постигне подобри продажни резултати во овој период.

Пандемијата сè уште се чувствува во резултатите на сите компании, вклучувајќи ги и резултатите на модниот гигант, чија продажба падна за 12 проценти во последниот дел на 2020 година, што исто така предизвика пад на акциите на компанијата.

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Тесните фармерки стануваат минато: „Левис“ најави враќање на пошироките модели

Овие 5 модни трендови треба да бидат неизоставен дел од вашата гардероба во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар