5 групи луѓе кои не смеат да користат лук и покрај неговата чудотворна моќ

5 групи луѓе кои не смеат да користат лук и покрај неговата чудотворна моќ

Лукот е една од најздравите намирници чии својства имаат неверојатни здравствени придобивки. Уште од дамнешно време луѓето го користеле за лечење на многу здравствени проблеми. Така, познато е дека старите Египќани, за време на изградбата на пирамидите, на своите робови често им давале лук за да ја одржат нивната кондиција.

(1) 5-grupi-na-lugje-koi-ne-smeat-da-koristat-luk-i-pokraj-negovata-chudotvorna-mokj-www.kafepauza.com.mk

Лукот содржи околу 400 активни состојки и е богат со витамини и минерали како што се аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, витамин А, витамини Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, есенцијални масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор.

Но, и покрај сите лековити својства, овие 5 групи луѓе не смеат да го консумираат:

1. Пациенти пред операција

Доколку во скоро време треба да ви биде извршен хируршки зафат, се препорачува да не консумирате лук најмалку 2 недели пред операцијата, бидејќи може да го продолжи крварењето.

2. Личности со низок притисок

Оваа чудотворна намирница го намалува крвниот притисок, па доколку страдате од низок притисок можете само да си нанесете поголема штета.

3. Личности кои имаат проблеми со црниот дроб

Иако лукот има антибактериско и антивирусно дејство, и може да убие бактерии и вируси, сепак не треба да се користи во спречувањето на вирусот хепатит.

Поточно, некои соединенија на лукот можат да предизвикаат стимулација во желудникот и цревата, што може да доведе до инхибирање на секрецијата на дигестивниот сок во системот за варење. На тој начин, тој влијае на варењето на храната и ги влошува симптомите на хепатитот, како што е гадењето.

Освен тоа, некои од неговите компоненти ги намалуваат црвените крвни зрнца и хемоглобинот, што значи дека претераната употреба на лукот може да доведе и до анемија.

4. Личности со очни заболувања

Пациентите кои страдаат од очни заболувања, особено оние кои имаат лошо здравје, треба да го избегнуваат лукот.

Традиционалната кинеска медицина не го одобрува редовното консумирање на лукот во големи количини, бидејќи може да ги оштети очите и црниот дроб, како и да предизвика губење на меморијата, зуење во ушите и други здравствени проблеми.

5. Личности кои страдаат од дијареја

Пациентите кои страдаат од дијареја треба да го избегнуваат лукот, бидејќи неговиот состав може да ги стимулира цревата на тој начин што може да доведе до хронично воспаление и влошување на едемите. Доколку личноста боледувала од дијареја, треба да консумира лук во мали количини.

Прочитајте и кои се 3-те здравствени проблеми од кои можете да се ослободите со помош на млад лук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар