1 грешка и 2 совети за употребата на тампони за време на летните одмори

Во сезоната на летните одмори сѐ повеќе жени ги заменуваат хигиенските влошки со тампони за да можат да уживаат во пливањето без никаков проблем. Затоа многу е важно да знаете некои работи пред употребата на тампони за време на летниот одмор.

(1) 1-greshka-i-2-soveti-za-upotreba-na-tamponi-za-vreme-na-letnite-odmori-www.kafepauza

Грешка број 1: Не ги менувате често. Тампонот би требало да се менува на секои 3 до 4 часа, и секој пат кога ќе излезете од вода.

1. Дали можам превентивно да ставам тампон кога очекувам да добијам менструација?

Превентивното ставање на тампон не е штетно, и жените можат да го користат доколку треба да добијат менструација, а сакаат да се бањаат.

2. Дали смеам тампонот да го користам доколку имам вагинални инфекции или воспаление на мочниот меур?

Може да се користи тампон во ваква ситуација, но пред ставање тој треба да се намачка со крема против вагинални инфекции. Кога станува збор за воспаление на мочниот меур пак, тампонот треба внимателно да се става и не би требало да има проблеми.

Габичните инфекции и воспалението на мочниот меур се чести придружници на жените за време на летните одмори, а причината за тоа е што не внимаваме дали нашите костими за капење се исушени, дали одиме боси по плочки и слично.

Прочитајте и дали е паметно да ја одложите менструацијата за време на летниот одмор?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар