Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Мораме да се согласиме за една работа, сите кутриња се слатки и специјални на свој начин. Некои од нив имаат убави големи очи, други имаат шармантна мекост, а постојат кутриња кои ни ги освојуваат срцата само со нивната несмасност. Но, има и такви кои се издвојуваат од сите останати со своите необични шари кои веднаш ни го привлекуваат вниманието.

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, симпатично кутре од Далас кое има една многу посебна карактеристика.

Салвадор Доли потекнува од стационар во Далас, и е дел од легло од 11 кутриња кои моментално се згрижени во Њујорк. Ова слатко кученце има драматични мустаќи кои му се протегаат од едната до другата страна на устата.

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

„Моментално е сезона на кученца во Далас, па во стационарот има многу мајки со легла“, објаснува Алисон Силиг од „Hearts & Bones Rescue“. „Стационарот за животни во Далас е 3-ти по ред со најголем број на прифатени животни во целата земја. Мајката и 11-те кутриња биле примени како скитници и за нив се грижеле цели 2 недели, но кученцата се изложени на голем ризик од заболувања во стационарот, па затоа моравме да ги преместиме на друго место“, продолжува таа.

За една недела ова семејство од 12 члена било преместено од стационарот во згрижувачки дом благодарение на соработката помеѓу „Hearts & Bones Rescue“ и Стационарот за животни во Далас.

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

„Целото семејство моментално се релаксира во комфорен безбеден дом, добивајќи медицинска грижа сѐ додека кученцата не станат доволно стари за да бидат самостојни“, изјавила Алисон и додала дека бебињата сега имаат 5 недели и сѐ уште цицаат.

Иако сите 12 кученца моментално се згрижени под ист покрив, непрофитната организација планира да ги премести во различни згрижувачки домови во Њујорк Сити кон крајот на август, сѐ додека тие не го пронајдат својот вистински дом засекогаш.

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

Силиг исто така изјавила дека кученцата се многу активни и разиграни, исто како и нивната мајка.

„Сите овие кученца имаат уникатен изглед и се преслатки, и додека сме преплавени со апликации за вдомување на Доли, нејзините браќа и сестри сѐ уште бараат домови во областа на Њујорк!“, додава таа.

 Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

 Запознајте го Салвадор Доли, најслаткото кученце со мустаќи

„Hearts & Bones Rescue“ е згрижувачки дом за кучиња кој работи со преполни стационари како овој во Далас, во кој се случувало да примат и до 100 кучиња во еден ден. Главната цел на оваа непрофитна организација е да спасат колку што е можно повеќе животи и да им помогнат во секој поглед.

Погледнете го и Вајли, најслаткото куче далматинец со срце на носот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар