4 совети за да си го подобрите и изострите видот

4 совети за да си го подобрите и изострите видот

Мај е месец на видот, утврден од Националниот институт за очите, со цел да се зголеми свесноста кај луѓето за здравјето на нивните очи и откривање на проблемите со видот. Овие четири совети ќе ви помогнат да го изострите видот за да можете да ѝ погледнете кристално чисто на иднината во очи:

1. Соодветна храна за бистар поглед

4 совети како да го подобрите и изострите видот

На нашите очи им се потребни посебни витамини и минерали за да функционираат нормално: витамините А, Ц и Е, како и минералите цинк и бакар.

Антиоксидансите, заедно со бета каротенот и лутеинот ги штитат очите од силните сончеви зраци. Се препорачуваат следниве продукти: жолчка од јајце, зелени листови, жолта бабура, тиква, сладок компир и морков.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето зелени и жолти продукти во исхраната ги заштитува очите од стареење. Храната богата со сулфур и лецетин помага при појава на катаракта. Тука спаѓаат: лук, кромид и капари.

Бровинките и грозјето заштитуваат од воспалување на очите, а лососот и сардините ја заштитуваат мембраната околу очите. За да ја спречите дехидрацијата на очите конзумирајте најмалку 8 чаши вода во текот на денот.

2. Вежбајте ги очите

4 совети како да го подобрите и изострите видот

Овие лесни вежби практикувајте ги секое утро, пред спиење и секогаш кога ќе почувствувате дека очите ви се уморни.

  • Затоплете ги очите – Протријте ги дланките меѓусебно за да создадете топлина и потоа ставете ги врз очите, неколку секунди. Оваа вежба повторете ја три пати.
  • Превртувајте ги очите – Гледајте долу, потоа полека кружете со очите 10 пати почнувајќи од лево кон десно. Направете го истото уште 10 пати во обратната насока.
  • Фокусирајте го погледот – Земете пенкало и фокусирајте го погледот во него. Држејќи го на нормална далечина и пополека доближувајќи го до носот. Повторете ја вежбата 10 пати, со повремени паузи.
  • Масирајте ги слепоочниците – Со палците масирајте ги слепоочниците 20 пати од лево кон десно и 20 пати во обратна насока.
  • Попладневна мини дремка – Ако немате време да се одморите попладне околу час и половина, тогаш легнете на перница, затворете ги очите, држете ги така три минути и релаксирајте се.

3. Подалеку од штетните влијанија во околината

4 совети како да го подобрите и изострите видот

Надворешните фактори најмногу влијаат на оштетување на видот. Еве што влијае негативно на вашите очи: флуоресцентни светла, зрачењето од монитор, хлорот во базените, читање во затемнето светло и постојано триење на очите со рацете.

4. Спиењето е најважно

4 совети како да го подобрите и изострите видот

Спиењето е најважната работа на која треба да обрнете најголемо внимание, ако сакате здрави очи и изострен и чист поглед. Спиењето ги одмора и заздравува очите. Сите знаете дека 8 часа се доволни за нормално функционирање на целото тело, а особено за очите. Одморајте ги очите додека работите повеќе часа на компјутер, 10 минути пауза на секои 50 минути работење. На крајот од денот, ако очите ви се изморени, го знаете стариот и добар рецепт за освежување на очите: по едно тркалце краставица на секое око.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар