4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

Главоболката може да биде предизвикана од различни причини: стрес, висок крвен притисок, повреда, временски услови, но и начинот на кој ќе одлучите да ја носите косата може да биде главен фактор што предизвикува главоболка. Некои фризури што вршат притисок врз вашиот скалп, може да ви предизвикаат болка.

1. Коњско опавче

4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

Под фоликулите на косата и во скалпот има многу чувствителни нерви кои можат да чувствуваат болка. Коњското опавче може да предизвика чувство на затегнатост кај многу нерви одеднаш, што може да резултира со главоболка. Оваа состојба е прилично честа појава и е позната како синдром на главоболка од коњско опавче.

2. Лента за коса

4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

Ако носите тесни ленти на главата, може да добиете главоболка. Главоболката е предизвикана од надворешна компресија и може да се појави кога лентата што ја носите на главата врши континуиран притисок врз челото или врз скалпот. Овој вид главоболка честопати се опишува како умерен, постојан притисок и најмногу боли во пределот каде што лентата притиска на вашата глава. Ако подолго време носите тесни ленти, болката може да се влоши.

3. Затегнати плетенки

4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

Цврстите плетенки, исто така, можат да предизвикаат главоболка поради надворешна компресија. Ако вашата коса е сплетена премногу цврсто, тоа врши дополнителен притисок на скалпот и не само што ја оштетува косата, туку може да доведе и до главоболка. Медицинските експерти сметаат дека постојат фактори што предизвикуваат некои луѓе почесто да имаат главоболка предизвикана од надворешна компресија. На пример, некои жени може да имаат почувствителен скалп за време на менструалниот циклус.

4. Надградба на коса

4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

Надградбата на коса може да изгледа прекрасно, но и да доведе до силна главоболка. Додавањето голема тежина на вашата коса создава притисок на главата и прекумерното влечење на скалпот и на фоликулите на косата може да предизвика нервите во скалпот да станат многу чувствителни. За разлика од која било друга фризура, надградбата на косата се носи постојано, а тоа резултира со постојан притисок врз вашиот скалп.

Како да се ослободите од главоболката предизвикана од надворешна компресија?

4 фризури што можe да ви предизвикаат главоболка

  • Нежно масирајте го скалпот во пределот каде што чувствувате болка и дишете длабоко.
  • Избегнувајте непотребни додатоци за коса.
  • Изберете фризура што не врши премногу притисок на вашиот скалп: лабава пунџа, ниско коњско опавче, лабава плетенка или можеби пократка фризура.
  • Спијте доволно.

Прочитајте што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар