Што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?

Што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?

Можеби најлошиот начин да се разбудите е со главоболка која потоа ќе трае цел ден. Ако ова ви се случува редовно, сигурно сте се запрашале која е причината за вашата главоболка која се појавува без разлика на тоа колку сте наспани или колку лекови сте земале.

Што ја предизвикува утринската главоболка и како да ја спречите?

Што ја предизвикува утринската главоболка?

Постојат многу фактори што можат да влијаат на утринската главоболка. Некои од нив се недостаток од кофеин, проблеми со синусите, дехидратација или стрес. Недостатокот од кофеин може да ви звучи смешно на почетокот, но ако вашата главоболка поминува по неколку голтки кафе, голема е веројатноста тоа да е причината. Но ако не сте зависник од кафе, а сепак се будите со главоболка, причината може да биде настинка или грип.

Ако вашите синуси се затнати, тоа води до притисок на вратот и главата и може да предизвика болка. За жал, можете да направите многу малку кога грипот или настинката ви ја предизвикуваат главоболката. Ќе ги олесните симптомите ако земете некој лек за болка и ако пиете многу вода. Ако имате грип, главоболката често е знак дека следува и треска, па најдобро е да посетите лекар за да го избегнете тоа.

Друга причина за утринската главоболка е стресот. Кога сте под многу стрес, вашето тело ослободува хемикалии кои може да предизвикаат главоболка. Покрај тоа, стресот го нарушува квалитетот на сонот и води до некои навики кои предизвикуваат болка, како триење на забите. Ако го имате овој проблем, вашиот лекар може да ви даде „штитник“ кој ќе ги заштити вашите заби.

Уште една причина е дехидратацијата. Ако пиете малку вода во текот на денот, голема е веројатноста да се разбудите со главоболка. Добро е да испиете голема чаша вода пред спиење за да го избегнете ова.

Како да ја спречите болката?

Во зависност од причината, постојат неколку начини на кои можете да ја спречите утринската главоболка. Најпрво, важно е да го одредите изворот на болката. Штом ќе го направите тоа, можете да преземете нешто за решавање на проблемот. Ако е кофеинот, обидете се постепено да ја намалувате количината на кафе што ја пиете во текот на денот. Ако причината е стрес, најдете начин да се релаксирате и најдете некое хоби кое ќе ви го смири умот.

Ако и после сè, уште не знаете што ја предизвикува вашата главоболка, време е да разговарате со професионалец. Иако главоболките обично се безопасни, понекогаш тие може да бидат индикатори за поголеми здравствени проблеми. Во тој случај најдоброто решение е да го посетите вашиот лекар кој ќе ви помогне да го решите проблемот.

Погледнете и кога не треба да ја игнорирате вашата главоболка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар