4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

Доколку страдате од редовни главоболки или мигрени, тогаш дефинитивно би требало да се обидете да се справите со нив со помош на јогата. Различни студии покажале дека таа може да има неверојатни придобивки за вашето здравје во секое време. Што се однесува до главоболките, доколку ги практикувате овие 4 пози, тие веднаш ќе исчезнат и ќе можете подобро да се фокусирате на вашата работа.

1. Странично истегнување во седечка позиција

Оваа јога поза е одличен лек за мигрените или главоболките кои настануваат како резултат на стрес и тензија. Таа е многу едноставна, но и доста ефективна.

(1) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

Насоки:
  • Наместете се на работ од вашето столче и поставете ги стапалата во ширина на вашите колкови.
  • Исправете го грбот и одржувајте ги стапалата цврсто на подот.
  • Започнете да ги подигнувате рацете странично од вашата глава.
  • Со помош на десната рака, држете го левиот зглоб.
  • Истегнете се на десната страна.
  • Држејќи го левиот зглоб со вашата десна рака, повлечете ја левата рака во истегнувањето.
  • Не го подигнувајте вашиот задник од столицата.
  • Задржете го здивот 10 секунди.
  • Вратете се на основната позиција и свртете се на другата страна.
  • Повторете по 3 пати на секоја страна, наизменично.

2. Едноставно вртење во седечка позиција

Ова е уште една одлична и едноставна јога поза која може да ви помогне да се ослободите од главоболката. Таа исто така е и добра за зацврстување на вашиот абдомен.

(2) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

Насоки:
  • Поместете се на работ од вашата столица.
  • Исправете го ‘рбетот и притиснете ги вашите стапала цврсто на подот.
  • Не го подигнувајте вашиот задник од столчето.
  • Подигнете ја десната нога и вкрстете ја над вашето лево колено.
  • Поставете ја вашата десна рака на задниот дел од столицата, а левата рака на вашето десно колено.
  • Потоа почнете да го движите вашето торзо кон десно.
  • Задржете ја позицијата на околу 10-15 секунди.
  • Вратете се на основната позиција и променете ја страната.
  • Повторете 3 пати на секоја страна.

3. Задржување на спротивниот лакт

Не само што оваа јога поза ќе ја намали вашата главоболка, туку и ќе ви помогне да го подобрите дишењето и да се справите со растечениот нос. Доколку носот е причина за вашата главоболка, оваа вежба е совршена за вас.

(3) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

Насоки:
  • Поставете ги нозете на иста оддалеченост како вашите колкови.
  • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
  • Подигнете ги вашите раце и допрете ги лактите зад вашиот грб.
  • Доколку ова ви е премногу лесно, обидете се да ги поставите дланките заедно со прстите насочени кон надвор.
  • Одржувајте ја оваа позиција од 10 до 15 секунди.
  • Вратете се во основната положба и повторете 3 пати.

4. Раце зад грбот

Оваа модификувана јога поза е многу ефективна при справување со главоболката. Таа исто така ви помага да ги зајакнете мускулите на вашите раце, и ја подобрува вашата флексибилност. Можно е да ви треба јога каиш за да можете целосно да ја изработите.

(4) 4 едноставни јога пози кои можат да ви помогнат брзо да ја излечите главоболката

Насоки:
  • Застанете со нозете во ширина на вашите колкови.
  • Притиснете ги стапалата цврсто на подот.
  • Подигнете ја вашата лева рака и превиткајте го лактот.
  • Левата рака треба да ви се движи по вашето лице и зад вашето десно уво.
  • Потоа свиткајте го десниот лакт и поместете ја десната рака накај вашето рамо.
  • Дланката треба да ви биде насочена кон вашиот грб.
  • Обидете се да ги допрете и задржите вашите дланки заедно.
  • Доколку вашите рамена се премногу затегнати или имате потешкотии при нејзиното завршување, врзете јога каиш со цел да ја направите поедноставна.
  • Откако вашите раце ќе бидат споени, држете ја позата околу 10 секунди.
  • Вратете се во основната положба и повторете на спротивната страна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар