ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

ТВ серија за една хакерка која се обидува со своите вештини да ја најде нејзината исчезната сестра, додека истовремено се обидува да открие сериски убиец кој е опседнат со неа…

(5) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)Главни улоги: Викторија Џастис, Кејси Џон Дејдрик, Харви Гилен

Жанр: драма, криминал, мистерија

Креатор: Кристијан Тејлор

Премиера: 12 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 8,36 од 10)
Loading...

Приказната започнува со киднапирањето на Сара, помалата сестра на Линди (Викторија Џастис). Тоа се случува пред нејзините очи, но беспомошната Линди и покрај целиот труд, нема да успее навреме да стигне до неа. Дејството продолжува 3 години подоцна каде што ние веднаш откриваме дека Линди имала одредени проблеми со законот. Изгледа нејзините хакерски вештини ја довеле до мала неволја. Но, тоа нема да ја спречи да престане со нејзината мисија да ја пронајде својата помала сестра која сè уште е исчезната и токму затоа продолжува неавторизирано да влегува во досиејата на ФБИ.

(1) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (2) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

И покрај тоа што целосно ја поддржува, Софија (Кирси Клемонс), нејзината најдобра пријателка ја советува малку да се забавува и да почне повторно да оди на состаноци. Токму затоа таа и ќе ѝ направи профил на една апликација за запознавање со цел да ја натера малку да се опушти и да запознае личност со која ќе може барем малку да заборави на нејзиниот бивш дечко и на сите оние лоши работи кои ѝ се случиле во последниве неколку години. Линди во текот на една вечер, преку оваа апликација ќе запознае многу мажи и нема да биде заинтересирана за ниту за еден од нив. Но, од друга страна пак, еден од нив ќе биде многу заинтересиран за неа и ќе почне да ги убива сите оние со кои мисли дека таа е во врска. Линди случајно ќе налета на сајбер сериски убиец, па токму затоа и ќе се придружи на ФБИ со цел да го открие и спречи.

(3) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy) (4) ТВ серија: Слатка ко бонбона (Eye Candy)

Оваа ТВ серија навистина има голем потенцијал, па доколку приказната продолжува да се одвива со ова темпо таа може да биде навистина интересна. Уште во првата епизода ќе се случат илјадници нешта кои целосно ќе го привлечат вашето внимание и кои ќе ве натераат веднаш да ја спуштите и следната епизода со цел да видите што ќе се случи понатаму. Токму затоа ако сте расположени за криминалистичка драма, исполнета со многу мистерија, тогаш „Eye Candy“ е совршен избор за викенд маратон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар