Според агент на ФБИ ова се 3 знаци дека некој ве лаже

Според агент на ФБИ ова се 3 знаци дека некој ве лаже

Џек Шефер е поранешен агент на ФБИ кој има големо искуство со истраги на криминални случаи. Во својата кариера испрашувал многу луѓе и веќе знае да почувствува кога некој лаже, а кога ја говори вистината. Тој смета дека во овие три случаи соговорникот сигурно крие нешто од вас.

Според агент на ФБИ ова се три знаци дека некој ве лаже

„Да или не“ прашања

Прашајте го соговорникот наједноставно „да или не“ прашање. Ако веднаш одговори со „да“ или „не“, тогаш веројатно ја зборува вистината. Ако даде некој опширен одговор, тогаш станува сомнителен. Уште еднаш повторете му го истото „да или не“ прашање, па ако и овој пат не одговори кратко и јасно, голема е веројатноста дека се обидува да ја искриви вистината.

Почнување на реченицата со „па“

Според Шефер зборчето „па“ на почетокот на реченицата е знак на лага. Кога една личност на ваков начин започнува одговор на директно прашање таа покажува дека ќе даде одговор за кој знае дека не е оној кој поставувачот на прашањето го очекува.

„Зошто да ти верувам?“

Поставете му го на соговорникот прашањето „Зошто да ти верувам?“ Ако навистина ја зборува вистината, тој или таа ќе одговори „Затоа што ја кажувам вистината“, или нешто слично. Оној кој лаже нема да каже дека ја зборува вистината, туку нешто како „Затоа што јас сум чесна и искрена личност“, „Немам зошто да лажам“ или нешто во тој стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар