4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

Во сите врски, без разлика дали се романтични, професионални, семејни или финансиски, може да чувствувате огорченост, иритација или нетолеранција кон некого. Ако поминете години бегајќи од тоа, ќе забележите дека вашата лутина влијае врз вашето здравје. Лутината и огорченоста предизвикуваат проблеми како прејадување или алкохолизам, а вознемиреноста влијае на вашето размислување, создава дигестивни проблеми и предизвикува несоница. Порано или подоцна, ќе треба да разговарате за некој проблем што го имате со некого, па најдобро е да ги користите овие чекори за справување со напнатите односи и разговори на работа или дома.

4 чекори како да бидете потрпеливи и да ги избегнете расправиите додека сте во изолација

1. Кажете ги вашите намери

Сите луѓе имаат различни намери и гледаат различни можности во секоја ситуација. Разликите се добредојдени затоа што забележувањето на разликите помага да се избегнат понатамошните проблеми.

Кога ги споделувате вашите намери со некого, нагласувате што е навистина важно за вас.

2. Споделете го тоа што ве загрижува

Овој дел од разговорот служи за да ги искажете сите грижи и стравови и е најлесниот дел за многумина затоа што мозокот честопати бара проблеми и се фокусира на сè што може да тргне наопаку. Со искажување на вашите најголеми стравови, вие им ја одземате силата и полека ги отстранувате.

3. Воспоставете граници

Границите се линија што не треба да ја преминете или линија што другата страна не смее да ја премине. Запомнете, не мора да добивате сè што ќе посакате, но на овој начин може јасно да ги решите старите несогласувања и да ги избегнете идните проблеми.

Ако сега сте во изолација со некого, границите може да бидат: „Сакам да вежбам на терасата секое утро“ или „Кога имам слушалки, тоа значи дека не сакам да ме вознемирувате“.

4. Споделете ги вашите желби

Во моментов можеби сонувате сите да излезете од оваа состојба здрави, среќни, па дури и уште повеќе поврзани, додека некој друг можеби има сосема различни желби и соништа и е повеќе загрижен за нешто друго. Сепак, кога сето ова ќе заврши, ќе се гордеете ако сте се поддржувале едни со други во овие стресни времиња. На крајот, ќе се чувствувате посилни, поотпорни и среќни што сите се добро.

Прочитајте како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар