12 причини зошто како што стареете, сè повеќе почнуваат да ве нервираат сите

Можеби порано бевте една од оние девојки кои беа очајни да бидат популарни, да имаат многу пријатели и да бидат опкружени со луѓе. Но, како што стареете, сфаќате дека се претворате во незгодна дама, која не сака да биде опкружена со многу луѓе. Всушност, со текот на времето сè повеќе се претворате во интроверт и тоа е природен процес што не можете да го избегнете. Во продолжение прочитајте зошто станувате поинтровертни и зошто почнувате да ги мразите сите.

12 причини зошто како што стареете, сè повеќе почнуваат да ве нервираат сите

1. Колку повеќе стареете, толку почесто луѓето ќе ве разочаруваат

До почетокот на 30-тите години, веројатно ќе доживеете некаков удар од луѓе за кои никогаш не сте помислиле дека ќе можат да ве повредат и тоа ве прави навистина изморени од луѓето.

2. Како што стареете, желбата да бидете опкружени со луѓе исчезнува

Популарноста престанува да биде забавна кога ќе сфатите колку пари чини да бидете популарни и колку време трошите залудно.

3. Со текот на времето учите дека луѓето ги уништуваат најдобрите работи

Дали некогаш сте забележале дека е потребен само еден непромислен чекор за да се уништи некоја добра работа? Дали некогаш сте забележале колку добри работи се уништуваат на овој начин? Причината поради која не можете да имате неверојатно убави работи се постапките на другите луѓе.

4. Откривате дека повеќето луѓе што ги среќавате се многу здодевни

Целиот нивни живот се врти околу работи што не се важни. Тие се здодевни и постои одредена точка кога тоа станува причина да не разговарате со нив.

Како што стареете, сè повеќе ќе сакате да се дружите со луѓе што имаат вистински искри во нив, а тоа нема да се случува премногу често.

5. Откривате дека 99% од луѓето што ги среќавате се измамници

Повеќето луѓе што ги знаете не зборуваат искрено за тоа како се чувствуваат, низ што минуваат или што мислат за вас.

Повеќето луѓе нема да ви ја кажат целата вистина, дури и ако тоа е неопходно.

6. Сфаќате дека справувањето со драмата на луѓето е исцрпувачко

Драмата е позабавна ако само ја гледате и ако нема да влијае негативно на вас.

7. Како што поминуваат годините, вашата толеранција кон луѓето што ве осудуваат и ви кажуваат што да правите се сведува на нула

Луѓето секогаш се лутат кога не живеете онака како што тие сакаат вие да живеете.

Како што стареете, нема да сакате да бидете опкружени со луѓе што ве осудуваат, што се обидуваат да ве контролираат или што ви кажуваат како да го живеете животот. Зарем не треба другите да се грижат повеќе за својот живот?

8. Колку сте постари, толку полошо луѓето се однесуваат кон вас

Кога сте дете, сите ве опсипуваат со љубов и внимание. Кога сте тинејџер, сите ве мразат. Кога сте возрасни, сите ве мразат и очекуваат да правите тоа што тие сакаат.

9. Кога ќе наполните 30 години, сфаќате дека вашите миленици се позрели од луѓето со кои разговарате секојдневно

Затоа можеби е подобро да се дружите со мачките.

10. Не можете да се справите со однесувањето на луѓето

Нема да сакате да се дружите со луѓе што ве ценат според тоа колку парите имате, каква облека носите или како изгледате.

11. Луѓето не се однесуваат кон вас како што сакаат вие да се однесувате кон нив

Луѓето се однеуваат лошо кон вас, но очекуваат вие да се однесувате убаво кон нив.

12. Како што стареете, сфаќате дека повеќето луѓе не се вредни за многу работи

Ова ги прави многу поскапоцени малкуте луѓе што вреди да разговарате со нив.

Прочитајте кои 18 знаци откриваат дека сте лоша девојка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Nina Reply

    Po glupa statija nemam procitano

Остави коментар