Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Понекогаш изгледа дека децата се во искушение да ги јадат највалканите нешта, како кал од дворот или „рудата“ што успеале да го ископаат од носот. За возрасните, овие и многу други работи кои ги прават децата може да изгледаат чудно и необјасниво. На пример, можеби се прашувате зошто вашето дете ја удира главата во креветчето пред да спие. Но, всушност постојат одредени причини децата да ги прават овие нешта.

Во продолжение се објаснети некои од овие невообичаени начини на однесување. И, не грижете се, не е само вашето дете такво, многу деца ги прават овие работи!

1. Го задржуваат здивот

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

За време на задржување на здивот, вашето дете може да плаче и потоа да престане да дише до 1 минута, да се вкочани, да побледи, па дури и да се онесвести неколку минути. И верувајте или не, тоа всушност не е нешто што тие може да го контролираат. Ваквото однесување може да се појави затоа што вашето дете е луто, вознемирено, исплашено, во шок или чувствува болка. Иако ова можеби изгледа страшно, обично е безопасно и ваквото однесување престанува да се појавува на возраст од 4 или 5 години.

2. Постојано ја соблекуваат својата облека

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Децата не се срамат кога се голи. Затоа не им е проблем да ја соблекуваат својата облека во секое време, на секое место, па дури и на јавни места. Можеби тоа го прават затоа што не им е пријатна облеката или затоа што чувствуваат топлина. Друга причина зошто тие може да се соблекуваат е затоа што тие само што научиле да го прават тоа самостојно, па тоа е нова вештина што прави да се чувствуваат посамостојно.

3. Пијат од водата за капење

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Децата можеби не разликуваат дека водата за капење е различна од водата за пиење. Бидејќи децата си играат за време на капењето, водата е дел од тоа, па затоа можеби им е забавно да ја пијат.

4. Ја удираат главата

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Некои деца удираат со глава во оградата од нивното креветче, перница или душек пред заспивање или среде ноќ. Околу 15% од децата го прават тоа. И додека некои сметаат дека е нарушување, други веруваат дека ова е еден вид на себе–смирувачко однесување, како што е на пример цицањето на палецот. Во секој случај, обично е безопасно и детето самостојно прекинува со ваквото однесување, така што не е потребен третман.

5. Ставање ситни предмети во нивните уши, нос и очи

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Децата сакаат да го истражуваат светот. Значи, кога ставаат мали нешта во ушите, носот и очите, тие експериментираат со различните предмети. Тие само сакаат да дознаат како тие функционираат и што може да им се случи.

6. Јадат „чудни“ работи

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Децата можат да јадат скоро сè, од мрсули, инсекти до секаква нечистотија. Тие сакаат да истражуваат нови нешта, а кој е подобриот начин да го сторат тоа освен да ги користат рецепторите за вкус? Кога се во прашање мрсулите, добро е да се знае дека тие всушност им се вкусни на децата!

7. Се влечат за косата

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Децата под 2 години може да ја вртат или да ја влечат својата коса за да се смират. Тие, исто така, може да го прават тоа затоа што им е досадно. На возраст од 3 години, тие учат и забележуваат како реагираат нивните родители на ова и може да им стане дел од однесувањето за да добијат внимание. Кај постарите деца, влечењето на косата може да биде знак на АДХД.

8. Сакаат да им ја читате истата книга повторно и повторно

Што навистина значат овие 8 невообичаени начини на однесување кај децата?

Слушањето на приказна која тие веќе ја знаат може да им помогне на децата да чувствуваат дека имаат контрола. И таа контрола им дава чувство на удобност. Тие знаат дека нивниот родител ќе им прочита книга пред спиење и знаат како се одвива приказната, па можат да се опуштат и да заспијат.

Можеби сакате да дознаете и како правилно да разговарате со машките деца за сексот?

This error message is only visible to WordPress admins

Error: API requests are being delayed for this account. New posts will not be retrieved.

There may be an issue with the Instagram access token that you are using. Your server might also be unable to connect to Instagram at this time.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар