3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

3 типа мажи на кои секоја жена наидува во одреден период од животот

Понекогаш жените тешко проценуваат кој маж сака само да ги одвлечка во кревет, а кој има сериозни намери. Па, според експертите за љубов, постојат 3 типа заводници кои секоја жена ги сретнува барем еднаш во својот живот (особено во летниот период). Прочитајте нешто повеќе за нивните карактерни особини и научете како да разликувате измамник од фраер.

(1) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-period

Вистински џентлмен

Со своите манири докажува дека џентлмените сè уште постојат. Тој е голем заводник кој вешто умее со жените. Тој шармира со оригинален флерт и комплименти, правејќи да се чувствувате како дама, а не како „улов“. Користи трикови во кои е сигурен дека ќе му успеат во заведувањето на жена која сака да биде третирана како „капка на дланка“. Доколку познавате ваков фраер, тој е совршен за вас.

Вешт шармер

Овој фраер е познат и како „гулаб“ кој се залетува само за една цел – да ги однесе жените во кревет. Тој ги знае сите трикови и ретко кој ќе му одолее на неговиот шарм, па често го користи за да ја убеди партнерката дека таа е единствена за него. Сепак, тоа е празна приказна, а неговата цел е само да ве однесе во кревет. Ако не го делите неговото мислење, овој фраер не е за вас.

(2) 3-tipa-na-mazhi-koi-sekoja-zhena-naiduva-vo-odreden-period

Сериозен господин

Тој не е од оние што ќе ви пријдат со некоја застарена фраза која сте ја слушнале 100 пати. Тој ќе ви пријде само ако е навистина заинтересиран за вас. Овој господин ќе сака да зборува со вас – за вас, ќе го интересира вашето детство и слични теми кои претходните мажи ги избегнувале. Разговорот е сè што ќе добиете на првиот состанок, но тоа не значи дека не е заинтересиран за вас. Тој е најдобриот кандидат за врска од оваа листа кој со сигурност ќе ве побара повторно доколку му оставите добар впечаток.

Прочитајте и за овие 3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар