3 типа мажи кои жените најмногу ги сакаат

Постојат три типови мажи кои никогаш нема да имаат проблем да најдат партнерка. Станува збор за исклучителна сексуална привлечност, па проценете кој тип е идеален за вас.

0-3-tipa-mazhi-koi-zhenite-najmnogu-gi-sakaat-kafepauza.mk

1. Силен и мажествен

Алфа мажите имаат големо количество на тестостерон, па секогаш шармираат со внимание. Мажественоста е она што ги пали жените и претставниците на овој тип мажи секогаш ќе бидат интересни за понежниот пол, без разлика на сè. Тие се како од филмска сцена – исончан градинар со цврсто, мускулесто и испотено тело кој ја презентира својата сила е нешто што ќе ја привлече секоја жена. Тука секако не станува збор за длабоки емоции туку за силна страст.

2. Има стил

Елеганција и пристојност, внимателно одбрана облека и друштво, отмен пристап – ова би ѝ се допаднало на секоја жена. Иако наведените особини се карактеристики на богатите мажи, сепак не треба да имате многу нули на сметката туку доволно е да знаете што жените навистина сакаат. Ова може да се нарече и животинска атракција бидејќи експертите ја споредуваат со животните. Мажјакот на својата партнерка ѝ обезбедува топол дом, а жените сакаат сигурност и топлина.

3. Тој го има „она нешто“

На сите оние кои ги проучуваат машко-женските односи им се „крева косата на главата“ кога ќе им се спомне „она нешто“. Меѓутоа, факт е дека за некои мажи кои не даваат никаков впечаток дека би можеле да бидат отров за жените, поубавиот пол предизвикан од нешто заклучил дека тој го има „она нешто“ и поради тоа тој станува посакуван. Тоа може да биде секси поглед, убав глас, привлечна насмевка, манири и талент, но најчесто произлегува од целосниот впечаток.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар