15 пијалаци кои ќе ви помогнат со секојдневните тегоби

Сокот од киселите краставички олабавува при грчеви во мускулите, а чајот од куркукма помага повеќе од другите напитоци при болно грло. Ова се 15 пијалаци кои ги имате или можете да ги подготвите дома за да си олесните малку со секојдневните мали здравствени тегоби.

15 пијалаци кои ќе ве растеретат од секојдневните тегоби

1. Млеко за опоравување на мускулите

Млекото е богато со протеини и затоа е и добар избор за после вежбање. Протеините му помагаат на телото да ги регенерира мускулите после напорното вежбање. Додадете и малку какао во млекото, затоа што чоколадното млеко дава уште подобар ефект.

2. Зелен чај и сок од грејпфрут за слабеење

Ова не се чудесни напивки кои преку ноќ ќе ве направат витки, но ќе му помогнат на метаболизмот подобро да си ја врши работата. Во комбинација со физичка активност и балансирана исхрана, зелениот чај и сокот од грејпфрут даваат одлична поддршка на губењето килограми.

3. Пиво за подобра циркулација

Пивото ги опушта крвните садови и на таков начин ја подобрува циркулацијата на крвта. Важно е да не се претерува со него, 250мл на ден се сосема доволно.

4. Сок од вишни пред долго трчање

Љубителите на трчањето на долги патеки имаат корист од сокот од вишни, и тоа оној домашниот кој не е полн со шеќери. Тој делува како енергетски пијалак за време на трчањето и помага во опоравувањето на мускулите откако тренингот ќе заврши.

5. Чај од ѓумбир за смирување на желудникот

Ѓумбирот добро делува на слузницата на желудникот и успева добро да ја смири мачнината во него.

6. Чај од куркума за болно грло

За болното грло важно е да се пијат што е можно повеќе течности, затоа што сувото грло боли. Чајот од куркума е малку подобар избор затоа што добро делува на слузницата и со тоа го намалува гребењето на грлото.

7. Кокосово млеко за рани во устата

Кокосовото млеко е вашиот сојузник во борбата со инфекциите во усната шуплина. Може да правите гаргара со него или само да го испиете.

8. Пијалак со алое вера за празнење на цревата

Алое верата е одличен лаксатив. Таа ја поттикнува работата на цревата и ги тера да се испразнат.

9. Јогурт за имунитет

Јогуртот содржи пробиотски бактерии кои го прават многу здрав и добар за подобрување на имунитетот. Тој дава свој придонес во намалувањето на воспаленијата и уништувањето на инфекциите.

10. Камилица за подобар сон

Чајот од камилица е познат по тоа што ги опушта нервите и на тој начин овозможува полесно заспивање. Важно е чајот да не биде засладен, затоа што шеќерот го буди организмот.

11. Сок од лимон за енергија

Иако го препорачуваат за моментите кога веќе сте настинати, тогаш веројатно веќе е доцна за најдоброто што сокот од лимон може да го даде. Пијте го кога сте здрави, затоа што тогаш витаминот Ц ќе ви ја зголеми енергијата и ќе даде придонес во заштитата од болестите.

12. Смуди од банана против мамурлак

Водата е нејнеопходниот пијалак за време на мамурлак затоа што нема ништо слично што може да ве опорави од дехидратацијата. Бананата, односно смудито од банана, ќе го помогне тој процес благодарение на витаминот Б и калиумот кои ги содржи.

13. Вода при непријатен здив

Дехидрирањето во устата е совршена прилика за развој на некои бактерии кои создаваат лош здив. Водата помага да се спречи тоа, додека другите пијалаци можат само да ја влошат природната ПХ вредност.

14. Вода со сода бикарбона за подуеност

Четвртина лажица сода бикарбона измешана во 200 мл вода може брзо да ги реши вашите проблеми со подуеност во стомакот.

15. Сок од кисели краставички за грчеви во мускулите

Не е највкусниот пијалак на светот, но сокот во кој стојат краставичките може да ви ја олесни ситуацијата кога се мачите со грчеви во нозете. Тој помага при чистењето на некои киселини од организмот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар