Татко и син пронашле порака во шише стара 50 години и успеале да го најдат нејзиниот автор!

Татко и син од Јужна Австралија, нашле порака во шише од 1969 година, фрлена во океан, од страна на тогашниот 13-годишик Пол Гилмор од Велика Британија. Авторот на пораката скоро бил пронајден, и тој сè уште бил на море.

Пол Елиот и неговиот син Џеј, за време на риболов, пронашле шише со порака во западниот брег на полуостровот Аир. Елиот го барал авторот на пораката, кој бил претставен како 13-годишно момче од Англија, кое патувало со брод по јужниот брег на Австралија, од Фриментал до Мелбурн. Покрај пораката била напишана и датата, 17 ноември 1969 година.

Гилмор патувал со бродот „Ферстар“, кој превезувал британски имигранти во Австралија во 60-тите години. Тој ја оставил својата адреса во пораката со молба до оној кој ќе ја пронајде да му испрати одговор.

Минатиот четврток била пронајдена неговата сестра која рекла дека Гилмор бил на крстарење на Балтичкото море и дека ќе биде воодушевен кога ќе ги слушне вестите.

Сестрата на Гилмор изјавила дека тој имал напишано 6 пораки, кои ги фрлил во океанот. Семејството на Гилмор живеело во Австралија до 1973 година, а подоцна се вратиле во Британија.

Оваа приказна потсетува на случајот со Тоња Иман, која пронашла порака во шише стара 132 години на островот Веџ. Пораката во шишето била напишана на германски јазик, на 12 јуни 1886 година. Музејот во западна Австралија ја потврдила автентичноста на оваа порака.

Прочитајте и за оваа девојка која пронашла моќна порака во нова книга што целосно ѝ го променила животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар