3 секојдневни активности што можете да ги правите поразлично за да бидете посреќни и поубави

Среќата е навистина во малите нешта. Хроничниот умор и незадоволството ни го уништуваат расположението, ни ги расипуваат односите со другите луѓе и најлошо од сè, ни влијаат негативно на нашиот изглед – особено на кожата, косата и ноктите. Па, кога следен пат ќе почувствувате дека ви се заканува лошото расположение, внесете ги овие промени во вашата рутина.

3-sekojdnevni-aktivnosti-shto-mozhete-da-gi-pravite-porazlichno-za-da-bidete-posrekjni-i-poubavi-www.kafepauza.mk

1. Мијте го лицето со газирана вода

Направете промена во секојдневната рутина така што ќе го миете лицето со кисела наместо со обична вода. Киселата вода, онаа која веќе ја имате во вашиот дом, содржи комбинација од минерали и витамини што се совршени за целиот организам, а особено за кожата. Со редовна употреба, вашата кожа ќе стане помека и посјајна, а со тоа и ќе ви се зголеми самодовербата.

2. 8 чаши вода на ден? Нема проблем доколку имаат вкус на лимон!

Иако 8 чаши вода може да ви изгледа како голема бројка при одржување на оптималната хидратација на вашето тело, целта ќе ви биде многу подостапна ако се залажете со лимон. Едноставно измијте еден лимон, исечете го на кругови и во секоја чаша ставајте по 1-2 круга. Лимонот ќе ослободи витамин Ц во водата, подобрувајќи го нејзиниот вкус и вашиот имунитет.

3. Заспијте и разбудете се со миризбата на омилениот парфем

Ништо не може да го подобри вашето расположение толку брзо како миризбата на парфемот што ќе ве врати во минатото и ќе ве потсети на најубавите моменти кога сте го носеле. Би било одлично ако ова се случува секоја вечер и секое сабајле, се согласувате? Сè што треба да направите е да нанесете неколку капки парфем на памук и да го ставите во навлаката на вашата перница – така ем соништата ќе ви се подобрат, ем ќе се разбудите во одлично расположение!

Погледнете ги и овие 17 навики кои ќе ви донесат мир и убавина во секој ваш ден!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар