17 навики кои ќе ви донесат мир и убавина во секој ваш ден

17 навики кои ќе ви донесат мир и убавина во секој ваш ден

Имате само еден живот, така? Веројатно не би сакале да го потрошите на лоши денови, моменти кои сакате да ги заборавите, луѓе кои ве прават несреќни. Па тогаш, на што сѐ сте спремни за да уживате во убавините на животот? Еве неколку идеи кои можат да ве одведат во помирен, посреќен и поубав ден.

(2)-17-naviki-koi-kje-donesat-mir-i-ubavina-vo-sekoj-vash-den-kafepauza.,mk

1. Донирајте, продадете или фрлете сѐ што не ви е потребно

Ослободувањето од материјалното ѓубре во вашиот живот е всушност еден од начините на ослободување и од насобраното ѓубре во вашиот ум. Така ќе се чувствувате подобро поради тоа.

2. Организирајте си ги активностите

Добрата организација е неопходна во сечиј живот. Да, спонтаноста е добредојдена, но дури и за неа мора да имате време. Организирањето на денот на некој начин ќе ве присили да се држите до планот завршувајќи си ги обврските и чувствувајќи се мирно и исполнето, а истовремено и ќе ви покаже колку залудно сте го трошеле времето претходно.

3. Не конзумирајте работи кои не ви требаат

Иако првата мисла која ви паѓа на памет е исхраната, тука всушност спаѓа буквално сето она ѓубре од кое веќе се ослободивте. Ослободувањето од него само за да го замените со ново нема никаква смисла, нели? Храна, облека, предмети во домот, луѓе… Верувајте дека имате и повеќе одошто ви треба иако не сте свесни за тоа. Една недела живеење без некои работи ќе ви го докаже тоа.

(5)-17-naviki-koi-kje-donesat-mir-i-ubavina-vo-sekoj-vash-den-kafepauza.,mk

4. Ставете се себеси пред вашата работа колку што е можно повеќе

Еден од најголемите проблеми на денешницата е оној кога преоптоварувајќи се со работата и обврските, забораваме да живееме. Верувањето дека само работата и заработувањето добри пари ќе ни донесат убав живот каков што сме посакувале е најголемата лага во која верува голем дел од човештвото. Секако дека е апсурдно да се каже дека работата не е потребна, но таа е далеку од сè. Најдете време во секој ден кога целосно ќе се посветите на себеси и на саканите, заборавете на работата за миг и ќе видите дека не само што ќе се чувствувате подобро, туку ќе бидете и попродуктивни на секое поле во животот.

5. Најдете рутина која ви го ослободува умот

Иако многу луѓе гледаат да избегнуваат рутински работи, рутината е и те како потребна. Правејќи нешто секој ден, во исто време, знаејќи дека можете да се потпрете на тоа, ви дава стабилност во животот која со текот на времето придонесува за вашата среќа. Поврзувањето на таа рутина со нешто кое ви го опушта умот за тоа време е уште подобра комбинација. Не ја занемарувајте нејзината моќ.

6. Составете список со мотивациони пораки

Неизбежно е човек да се најде во ситуација да се чувствува тажно и изнемоштено, да губи волја за животот и преземање нешто во врска со тоа, неизбежно е човек во даден момент да се чувствува како губитник. Во тие моменти, спасот е вербата во нешто. А кога сте во ситуација да не се ни сеќавате во што верувате, списокот со мотивациони и инспиративни пораки ќе ве врати меѓу живите. Потсетете се себеси што е тоа што ве води напред, зошто живеете, која е вашата цел.

7. Пишувајте дневник

Проблемот и решението се секогаш во вас. Но, некогаш не сте свесни за тоа. Пишувањето дневник и изразувањето на своите мисли и емоции ќе ви дојде неверојатно на помош дури и кога таа не ви е потребна. Запишувајќи го она што го доживувате, истовремено се ослободувате од стегите и си давате себеси шанса со бистра глава да се навратите на тоа. Најубавото во ова е што не мора да стане збор за класичен дневник. Запишете на најобична салфетка кога тоа ви е првото нешто при рака. Ќе го добиете олеснувањето кое го барате, а со тоа и малку повеќе мир и среќа.

A Young Woman Riding In A Train

8. Згответе барем едно јадење во текот на денот

Храната е една од основните потреби на човекот, токму и затоа готвењето сопствена храна претставува еден од наједноставните начини на поврзување со самиот себе. Притоа, во вас се развива чувство на одговорност и способност да се грижите сами за себе, а тоа е добра база за мирен живот.

9. Наместо кафе, пијте вода со лимон

Грижејќи се за својата физичка состојба, вие исто така придонесувате кон подобрување на вашата психичка состојба. Постои една поговорка која вели дека здравиот дух се наоѓа во здравото тело, а ослободувањето од секакви отрови кои ги внесувате во вас во текот на денот е првиот чекор кон доаѓање до таа состојба. Притоа, се опуштате и се чувствувате подобро.

10. Престанете да комуницирате со луѓе кои не се позитивен додаток кон вашиот ден

И уште повеќе, не се извинувајте за тоа. Животот е прекраток за да го губите на луѓе кои внесуваат негативна енергија во него. Кога некој не ви се допаѓа, едноставно немојте да се гледате со него. Или доколку е тоа невозможно, тогаш барем погрижете се вашата комуникација да е на минимум. Си правите услуга себеси, верувајте.

11. Палете свеќи навечер

Смирува, опушта и дава амбиент на кој дефинитивно ќе се препуштите, а тоа е токму она кое ви е потребно после долгиот и напорен ден. Релаксирајте се и ослободете го умот, уживајте во миризбата на свеќите и потсетете се зошто животот е убав.

(4)-17-naviki-koi-kje-donesat-mir-i-ubavina-vo-sekoj-vash-den-kafepauza.,mk

12. Запрашајте се каков живот сакате да живеете и поставете си реални цели

Секој длабоко во себе знае што е тоа што вистински го сака. Така е и со прашањето за тоа каков живот сакате да водите. Прифаќајќи ја идејата за тоа каде, со кого и каква иднина гледате за себе, вие прилично прецизно си го исцртувате патот по кој треба да одите. Притоа, сите активности кои ги преземате се во насока на живеење на тој живот. А кога човек има цел и смисла во животот, тогаш тој човек е среќен човек. Само пазете вашите цели да не се невозможна мисија.

13. Пронајдете ја наједноставната форма на среќа во секој ден

Доколку погледнете наназад кон својот живот, ќе забележите дека најсреќните моменти, најубавите спомени немаат никаква поврзаност со материјалното, со големината, со имањето во големи количини. Ќе согледате дека среќата е во малите нешта, едноставните и убави работи кои ви се случуваат сосема незабележливо секој ден. Затоа не барајте многу, посветете им се на тие мали, слатки задоволства и уживајте во нив.

14. Обрнете внимание на она што навистина го барате во животот

Што е тоа што ви недостасува? Какви одговори барате? Што би сакале да дознаете? Бидејќи доколку навистина обрнете внимание на тоа, вие ќе го пронајдете одговорот и побрзо отколку што очекувате. Не се оптоварувајте со треба вака или онака, опуштете го мозокот и концентрирајте се на она што навистина го барате, а тогаш, кога најмалку ќе очекувате, вие ќе ги пронајдете одговорите на недоговорените прашања, и со тоа и мирот и спокојот кои одат со нив.

15. Развијте сопствена филозофија според која ќе се водите

Во што верувате? Што е она кое ве турка напред секој ден? Кои се принципите на вашиот живот? Одговорите се дел од вашата животна филозофија до која треба да се придржувате. Поставете приоритети и водете се според нив во текот на секој ден. За останатите работи има време.

16. Престанете да верувате дека начинот на кој вие ги гледате нештата е всушност начинот на кој тие изгледаат во реалноста

Секој различно гледа на работите. Вистината е поинаква во сечии очи, па така и перципирањето на она што се случува се разликува од човек до човек. Не сè што знаеме е навистина така и не сè што слушаме и гледаме е токму така како што го слушаме и гледаме. Оставете си простор во кој ќе постои веројатностa дека можеби она што го знаете не е навистина така.

(3)-17-naviki-koi-kje-donesat-mir-i-ubavina-vo-sekoj-vash-den-kafepauza.,mk

17. Соочете се со сопствените негативни карактеристики и чувства

Невозможно е да бидете целосно спокојни доколку постојано се обидувате да го презентирате само убавото во вас. Секој има своја не толку убава страна и секој има моменти кога се чувствува негативно. Но, игнорирањето на овие работи нема да ве направи подобри, напротив – може да ви нанесе и повеќе зло отколку што мислите. Затоа, соочете се со себеси, и со убавото и со лошото. Признајте си што навистина чувствувате, тоа е единствениот начин да најдете мир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар