3 фризури кои се идеални доколку сакате целосна промена

Повеќето жени немаат доволно храброст за експериментирање, барем кога станува збор за нивната коса. Но постојат фризури за кои не ви е потребна голема храброст и кои секогаш излегуваат совршено. Според експертите, следниве 3 фризури одговараат на секаков облик на лицето, па се идеален избор доколку сакате драстична промена, без ризик од грешки.

1. Бујни локни

3 фризури кои се идеални доколку сакате целосна промена

Локните можат да го променат обликот на вашето лице и се идеални за романтичен изглед кој им одговара на сите жени. Доколку сакате да го издолжите лицето, одлучете се за подолги, опуштени локни. Спротивниот ефект можете да го постигнете со ситни локни со должина до рамената.

2. Пикси

3 фризури кои се идеални доколку сакате целосна промена

Оваа кратка, секси и моќна фризура изгледа неверојатно на секој облик на лице. Доколку имате истакнати јаболкници, се препорачува пикси фризура со подолги шишки, кои ќе го врамат вашето лице.

3. Лоб

3 фризури кои се идеални доколку сакате целосна промена

Долгата варијанта на познатиот боб е дефинитивно најпосакуваната фризура за оваа година. Нејзината популарност се должи на тоа што изгледа одлично на секој облик на лице. Покрај тоа, доволно е само да го промените патецот за да добиете целосно нов изглед. Ова е одлично за жените кои сакаат малку динамика.

Доколку имате кратка коса и сакате мала промена, погледнете ги најмодерните пролетни фризури.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар