15 цитати од Марвел што ќе ви помогнат да го најдете суперхеројот во себе

15 цитати од Марвел што ќе ви помогнат да го најдете суперхеројот во себе

Компанијата за стрипови Марвел е основана од Мартин Гудман во 1939-та година и на почетокот била позната како Timely Publications. Оттогаш, Марвел не престанува да нè забавува.

15 цитати од Марвел што ќе ви помогнат да го најдете суперхеројот во себе

Универзумот на Марвел ни претстави илјадници херои и негативци, па речиси невозможно е да одберете омилен лик. Најдоброто е што покрај стриповите, сега можете да уживате и во одличните филмови со вашите омилени јунаци. Секоја приказна од Марвел носи во себе животна лекција и се обидува да ги објасни однесувањата на луѓето, но и ве тера да размислите што би направиле доколку би имале супермоќи – дали би биле херојот или негативецот? Па земете ја вашата наметка, бидејќи следниве 15 цитати ќе ви дадат ваш сет супермоќи.

„Силата на оваа држава не е во градбите од тули и челик. Таа е во срцата на оние кои се заколнале да се борат за нејзината слобода!“ – Капетан Америка

„Ако нема ништо друго освен она што го правиме ние во овој свет, тогаш да го направиме тоа добро!“ – Бета Реј Бил

„Кога ќе одлучите да не се плашите, ќе најдете пријатели на навистина неочекувани места.“ – Госпоѓица Марвел

„Вратата е повеќе отколку што изгледа. Таа ја одделува личноста којашто сте од личноста којашто можете да бидете. Не мора да одите низ неа… Можете да трчате.“ – Френклин Ричардс

„Насилството не дискриминира. Тоа доаѓа студено како зимски ветер и ве остава со студ што не можете да го отстраните.“ – Дердевил

„Интелигенцијата е привилегија и треба да се користи за поголемото добро на луѓето.“ – Доктор Октопус

„Само затоа што некој се сопнува и го губи својот пат, не значи дека не може да биде спасен.“ – Професор Икс

„Ако го затворите ѕверот, ѕверот ќе стане гневен.“ – Вулверин

„Ниту еден човек не може да ја победи секоја битка, но ниту еден човек не треба да се предаде без борба.“ – Питер Паркер

„Вербата е мојот меч. Вистината е мојот штит. Знаењето е мојот оклоп.“ – Стивен Стрејнџ

„Светот се менува. Наскоро ќе ги има само победените и победниците. Ти си добар човек со добро срце. И тешко е за добриот човек да биде крал.“ – Кралот Т’Чака

„Светот е полн со зло и лаги и болка и смрт и не можете да се криете од нив. Можете само да се соочите. Прашањето е, кога ќе се соочите, како ќе реагирате? Кој ќе станете?“ – Фил Коулсон

„Што и да се случи утре, мораш да ми ветиш едно нешто. Дека ќе останеш оној којшто си. Не совршен војник, туку добар човек.“ – Капетан Америка

„Хероите се создадени од патот што го избираат, не од моќите со кои се благословени.“ – Железниот човек

Прочитајте ги и овие филмски цитати кои ќе ве замислат за животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар