За девојките со кратка коса: 5-те најмодерни пролетни фризури

Привлечни, модерни и елегантни – овие фризури за кратка коса ќе ве воодушеват во текот на пролетната сезона. Лесно се одржуваат и одговараат на секој облик на лице. Погледнете ја следнава листа и одберете ја вашата омилена пролетна фризура!

1. Класична пикси фризура

Класичната пикси има совршена должина за истовремено да изгледа и остро и меко. Таа е одлична за рамна коса (густа или тенка), па може да се прилагоди на секој облик на лице. Погрижете се фризерот да користи ножички додека ви ја прави оваа фризура, бидејќи на тој начин најдобро може да се стилизира околу вашето лице.

2. Модерна пикси фризура

Фризурата на актерката Хали Бери одамна стои на врвот на листите со трендови за кратка коса. Оваа фризура не следи одреден шаблон, па прамените се разликуваат по должина. Токму тоа е тоа што го „омекнува“ нејзиниот изглед и ги истакнува очите. Идеална е за брановидна и виткана коса.

 

3. Рокерска фризура

Оваа верзија достигнува над ушите, со растурени прамени што „паѓаат“ од шишките кон лицето. За да го добиете совршениот изглед ќе мора да користите гел. Оваа фризура одговара на рамна и малку брановидна коса.

4. Брановидна фризура

Оваа фризура е идеална за округло лице, бидејќи околу јагодиците има доволно коса која го прави целото лице да изгледа потенко одошто е. Прамените се на врвот заоблени и во форма на бранови паѓаат на образите. Оваа фризура најдобро одговара за нормална и густа коса што не е многу кадрава.

5. Заоблена фризура

Оваа фризура е малку подолга од претходната. Таа е со класиче облик, а тоа што ја истакнува од другите се прамените што ѝ даваат мек и лелеав карактер. Оваа фризура ја заблажува острината на цртите на лицето и одлично одговара за рамна и за кадрава коса која не е премногу густа.

Направете сами: Совршени локни со лента за коса.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар