30 правила за исхрана од жена која живеела 103 години

30 правила за исхрана од жена која живеела 103 години

Евгенија Петерсон, позната и како Индра Деви, станала првата жена која ги открила тајните на јогата на Европа и Америка. Во текот на нејзиниот долг живот, таа го променила нејзиниот животен стил неколку пати – од побожна жена, па сè до духовен водач.

30 правила за исхрана од жена која живеела 103 години

Евгенија го пропатувала целиот свет, зборувала 12 јазици и живеела во три држави – Русија, Индија и Аргентина.

Таа станала првата личност од Европа која самостојно почнала да подучува хинду јога. По смртта на нејзиниот сопруг, се преселила во Калифорнија и отворила студио за јога, што ѝ помогнало да стане позната помеѓу холивудските ѕвезди. Некои од нејзините ученици биле и Мерлин Монро, Грета Гарбо, Рита Хејворт и Глорија Свенсон.

Пишувала и книги кои станале бестселери во САД, а во нив ги опишувала своите принципи за исхрана до кои се придржувала. Па, погледнете ги нејзините 30 правила за исхрана и долг живот.

1. Никогаш не пијте вода со мраз, особено кога јадете, бидејќи тоа ја попречува природната циркулација на желудочните сокови и пречи при варењето. Навиката за пиење вода со мраз е американски национален грев против здравото варење.

2. Наутро и навечер пијте чаша свежа вода на собна температура. Можете да додадете и малку лимон. Топлата вода или билниот чај со мед или лимон, за време на летото е освежувачки.

3. Пијте 5 до 8 чаши вода дневно. Покрај воздухот, водата е витална за нас. 80% од нашето тело се состои од вода. Во текот на денот исфрламе околу 2,5 литри вода. Недостатокот од вода често предизвикува констипација, проблеми со дебелото црево, дисфункција на црниот дроб и бубрезите и проблеми со цревата.

4. Немојте да пиете вода за време на оброкот, туку половина час пред, или 2-3 часа после оброкот за да не го нарушите процесот на варењето.

5. Пијте вода со мали голтки, а не одеднаш.

6. За да се ревитализираат елементите изгубени за време на течењето на водата, треба неколкупати да ја префрлите водата од еден сад од друг. Оваа вода има засилувачки и стимулирачки ефект кој не постои во „мирната“ и „безживотна“ вода.

7. Поздраво е да јадете овошје отколку да пиете овошни сокови.

8. Природните сокови правете ги од морков, ротквици, цвекло и слично. Додајте и малку зеленило.

9. Алкохолот, чајот, кафето, какаото и чоколадото не се препорачуваат, бидејќи имаат кофеин и стимуланси.

10. Млекото е храна, а не течност. Би требало да се пие со мали голтки, во спротивно ќе предизвика проблеми со варењето.

11. Нашето тело не се храни со храната којашто ја консумираме, туку само со храната што може да ја апсорбира.

12. Внимателно одбирајте ја најпогодната храна. Исто како што одбирате, фустан, шешир или вратоврска. Прво треба да експериментирате – пробајте разни намирници и разни комбинации за да ја откриете исхраната што најмногу му одговара на вашето тело.

13. Избегнувајте ги сите „безживотни“ производи – конзервирана храна, бело брашно, рафиниран шеќер… Јадете кафеав ориз, брашно од цело зрно, кафеав шеќер или мед. Не препуштајте им се на слатките, колачиња или оцетот.

14. Темелно џвакајте ја храната, особено онаа што е богата со скроб, така што доволно ќе ја натопите со плунка. Во спротивно, скробот нема да се претвори во гликоза, ќе се таложи во стомакот и таму ќе се распадне за неколку часа.

15. Препечениот или бајат леб е поздрав од свежиот. Немојте да пиете ништо додека јадете, за плунката да може да го преработи скробот.

16. Немојте да јадете повеќе од еден вид храна богата со скроб одеднаш. На пример, доколку јадете ориз, немојте да јадете и леб, компир, тестенини и слично.

17. Доколку сте загрижени за силна перисталтика, препорачливо е да направите план за исхрана така што нема да консумирате скроб и протеини заедно, особено со продукти што содржат сулфур, како грашок, зелка, карфиол, јајца и слично.

18. Не фрлајте ја водата во којашто сте вареле зеленчук. Можете да ја користите како додаток за супи или да ја пиете. Најкорисна е водата од компири.

19. Не фрлајте ги врвовите од морковите, ротквицата, пашканатот и слично. Сварете ги и искористете ги за супа.

20. Зеленчукот треба да се приготвува во малку вода на слаб оган. Уште подобро е да го приготвувате без вода, во сад за пареа.

21. Избегнувајте ја пржената храна бидејќи се апсорбира бавно. Мастите последни го напуштаат телото.

22. Сите животински масти, како оние во маргаринот, јајцата, путерот и млечните производи го зголемуваат нивото на холестерол во крвта и се таложат на телото.

23. Најмногу холестерол има во мозокот, жолчките и дробот, а најмалку во млекото, свежото сирење и рибата.

24. Секоја храна богата со животински масти е опасна. Големиот процент масти и нискиот процент протеини го спречуваат делувањето на ензимите.

25. Не заборавајте дека кога станува збор за исхраната, не е важен само бројот на консумираните калории или масти, туку и составот на овие масти.

26. Секое загревање на храната која содржи какви било масти, вклучувајќи ги растителните, ја прави храната непогодна за јадење. Истиот ефект се добива и доколку повторно го употребувате истото масло или кога пржете храна.

27. Најважното правило нема врска со количеството и квалитетот на храната, ниту со начинот на готвење. Најважен е вашиот став кон храната за време на оброкот.

28. Процесот на јадење треба да биде бавен, да ви причинува задоволство и да се одвива во пријатна атмосфера.

29. Храната апсорбирана под стрес, иритација или лошо расположение предизвикува токсични промени во телото. Затоа, најдобро е воопшто да не јадете во ваква состојба, туку да почекате да ви се подобри расположението.

30. Обидувајте се да избегнувате непријатни разговори околу храната. Добро поставената маса го прави оброкот попријатен, исто како и насмевката или веселиот разговор. Благословете ја вашата храна и дозволете ѝ да ви донесе радост.

Дознајте и кои се намирниците кои го подмладуваат организмот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар