3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутер

3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутер

Повеќето работни места денес се поврзани со компјутер, а ако поминувате повеќе од четири часа на ден пред компјутерскиот екран, важно е да знаете кои се можните последици. Седењето во лоша позиција и постојаното изложување на очите на вештачка светлина може да придонесат за појава на одредени физички проблеми. Ова се трите најчести болести предизвикани од седење пред компјутер.

3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутер

1. Остеохондроза

Овој назив е другото име за болката во грбот бидејќи речиси 80% од целата болка во оваа област се јавува како последица на остеохондроза. Оваа болест претставува атрофија на ткивото на дискот. Големината на дисковите се намалува, а и апсорпцијата на потребните супстанции, па дисковите ја губат еластичноста и можноста правилно да ги извршуваат своите функции. При остеохондроза, постои намалување на функциите на лигаментите и на мускулите што овозможуваат дисковите да функционираат правилно, а сето тоа влијае на целокупната состојба на ’рбетот.

Најчесто се манифестира со болка во грбот, вратот, рацете и рамената. Оваа болест е често придружена со слаба циркулација, вртоглавица, главоболка, вкочанетост во прстите, болка и чувство на печење во градите, чувство на слабост, а исто така може да доведе и до оштетување на видот.

Превенција: Обезбедете основни услови за работа – столот на кој седите мора да биде удобен, но не премногу мек. Потпирачот за грб не смее да биде рамен, туку да ја следи природната закривеност на ’рбетот. Позицијата на компјутерот или на лаптопот треба да биде таква што средината на мониторот е токму пред вашите очи. Ова ќе спречи дополнително искривување на ’рбетот и притисок на вратот. Исто така, одвојте пет минути за загревање, истегнувајте ги вратот и ’рбетот на секој час и направете неколку вежби.

2. Синдром на суво око

Заштитниот слој што го покрива окото функционира правилно благодарение на трепкањето. Но, додека гледате во екранот, трепкате двапати помалку од нормалното, така што солзната течност не се обновува навреме. Ова доведува до синдром на суво око и очите ја губат својата природна заштита.

Овој синдром се манифестира со чувство на пецкање, чешање, иритација и црвенило на окото, а може да се појават и други необични симптоми во пределот на очите.

Превенција: Многу е важно да одржувате оптимален внес на течности. Треба да се оддалечувате од компјутерот на секои 20 минути или барем да ги затворите очите најмалку 1 минута. Затворете ги очите колку што е можно поцврсто. Одвојте една минута неколку пати на ден и трепкајте колку што е можно почесто за да го поттикнете создавањето на солзната течност.

3. Синдром на карпален тунел

Карпалниот тунел се наоѓа на предниот дел на рачниот зглоб. Сместен е помеѓу осум мали коски на рачниот зглоб, додека горната страна е затворена со напречно поставен карпален лигамент. Преку него поминува медијалниот нерв, кој кај синдромот на карпален тунел е под постојан притисок. Симптомите вклучуваат чешање, болка и трнење на прстите, на раката и на зглобот, а можна е и вкочанетост на средните прсти.

Превенција: Бирото на кое работите треба да биде доволно големо за да ги ставите двете раце на него. Исто така, столот, тастатурата и глувчето мора да одговараат на вашата анатомија, односно не смеат да ви предизвикуваат никакви проблеми. Правете пауза на секој час и правете едноставни вежби кои траат неколку минути: стискајте ги и пуштете ги тупаниците, вртете ги дланките во насока на стрелките на часовникот и обратно, истегнете ги рацете пред себе и движете ги прстите.

Погледнете кои рани симптоми може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар