Рани симптоми што може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести

Многу луѓе сè уште не знаат кои се најчестите симптоми на многу болести вклучувајќи ги ракот на кожата, дијабетесот, нарушувањата во исхраната итн. Раната дијагноза може да ви го спаси животот, а во продолжение погледнете го списокот со раните симптоми на многу сериозни болести.

Рани симптоми што може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести

1. Дијабетес

Раните симптоми вклучуваат:

  • често уринирање
  • намалување или зголемување на телесната тежина без причина
  • замаглен вид
  • зголемена жед
  • рани што бавно заздравуваат
  • замор
  • гадење и болки во рацете

2. Рак на кожата

Најчестите симптоми се:

  • задебелување на кожата и црвенило
  • црвенило на лицето и на вратот
  • појава на нови бенки
  • лузни на кожата што не заздравуваат
  • промена на бенките

3. Болести на мускулите и на зглобовите

Симптомите се:

  • постојана болка во мускулите
  • трнење
  • оток, воспаление, вкочанетост и црвенило на или околу зглобовите
  • намалена можност за движење

4. Болести на респираторниот систем

Симптомите се:

  • искашлување крв
  • хронична кашлица (трае повеќе од еден месец)
  • отежнато дишење
  • краток здив
  • хронична болка во градите (трае повеќе од еден месец)
  • писклив звук во текот на дишењето
  • хронично лачење слуз (трае повеќе од еден месец)

5. Болести на градите

Најчестите симптоми се:

  • невообичаена чувствителност на градите или болка
  • промени на брадавиците или на кожата на градите
  • грутки
  • грутки под пазувите
  • исцедок од брадавиците

6. Проблеми со репродуктивното здравје кај жените

Вообичаени симптоми се:

  • исклучително болна менструација
  • чешање во пределот на гениталните органи
  • често уринирање
  • болки во стомакот или во карлицата
  • невообичаен вагинален исцедок
  • крварење помеѓу две менструации

7. Гастроинтестинални проблеми и проблеми со желудникот

Симптомите се:

  • дијареа
  • крв во столицата
  • црна столица
  • повраќање крв
  • промени во рутината за празнење на цревата
  • ректално крварење
  • рефлукс
  • запек

8. Проблеми со уринарниот систем

Симптомите вклучуваат:

  • болно или често мокрење
  • крв во урината
  • ноќно уринирање во кревет
  • губење на контролата на мочниот меур
  • зголемено уринирање во текот на ноќта

9. Нарушувања во исхраната или проблеми со тежината

Симптомите се:

  • искривена слика за своето тело
  • дехидратација
  • хроничен замор
  • депресија
  • повраќање
  • зголемено чувство на глад
  • гладување
  • опседнатост со храната и со тежината
  • прекумерно вежбање
  • преголема жед

10. Длабока венска тромбоза

Најчестите симптоми се:

  • оток на нозете, понекогаш и на рацете
  • болки во нозете или во рацете
  • грчеви во нозете или во рацете
  • сини или црвени промени на кожата
  • нозете и рацете се топли на допир

Запомнете дека секој од овие симптоми не мора да значи дека имате одредена болест. Вие најдобро го познавате вашето тело и ако забележите какви било промени и симптоми што не се повлекуваат, консултирајте се со вашиот лекар.

Прочитајте кои 15 симптоми никогаш не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар