13 навики што доведуваат до појава на првут

Понекогаш кога се обидувате да се ослободите од првутот, можеби правите нешто што само ја влошува ситуацијата. На пример, може да ја миете косата премногу често или премногу ретко. Погледнете го овој список со многу вообичаени работи, кои всушност се „соучесници“ на оваа состојба на косата.

1. Ја миете косата премногу ретко или премногу често

13 навики што доведуваат до појава на првут

Кога ретко ја миете косата, серумот се таложи на вашиот скалп, а заедно со потта создава совршена околина за појава на лушпи. Од друга страна, шампонот не треба да се користи ниту секој ден. Ќе ги отстраните сите есенцијални масла од вашиот скалп што ѝ требаат на косата за да се храни и да биде цврста и ќе ја исушите. Експертите препорачуваат миење на косата на секои 2-3 дена за да се избегнат сите овие проблеми.

2. Не користите регенератор

13 навики што доведуваат до појава на првут

Кога ја миете косата, покрај нечистотијата и другите остатоци, го отстранувате и нејзиниот природен себум. Тој себум треба да се надополни, а тоа го прави регенераторот. Тој ѝ додава витамини и хранливи материи на вашата коса, ги зголемува сјајот и волуменот, а исто така спречуваат прекумерна сувост.

3. Чувствителни сте на природните габи на вашата коса

13 навики што доведуваат до појава на првут

Првутот е предизвикан од прекумерен раст на габата наречена Маласезија, што исто така предизвикува проблеми со акните. Сите ја имаме на нашата кожа, но некои луѓе имаат тенденција да имаат помрсен скалп затоа што оваа габа се храни со масла од кожата. Така се појавува и првутот.

4. Не ја плакнете косата правилно

13 навики што доведуваат до појава на првут

По плакнењето, може да оставите остатоци на вашиот скалп што може да бидат совршена средина за појава на првут поради оваа вообичаена габа што сите ја имаме на нашата кожа. Кога има премногу нечистотија и секреција на масло на скалпот, Маласезијата може да се размножува и да предизвика првут, па дури и себореичен дерматитис.

5. Не ја чешлате косата правилно

13 навики што доведуваат до појава на првут

Чешлањето на косата ја подобрува циркулацијата и ги отстранува мртвите клетки од кожата. Исто така, со чешлањето ќе се ослободите од нечистотијата на вашиот скалп, така што треба да го правите тоа секој ден за да ги намалите причините за првут. Чешлајте ја косата редовно, двапати на ден, но не претерувајте. Премногу честото чешлање може да доведе до опаѓање на косата. Обидете се да избегнувате груби четки што може да го оштетат вашиот скалп.

6. Не користите шампон против првут

13 навики што доведуваат до појава на првут

Обичните шампони може да доведат до иритација на скалпот и појава на првут поради детергентите што ги содржат. Можеби ќе ви треба малку време за да го пронајдете соодветниот шампон, но ако наизменично користите неколку видови шампони, може да ви помогнат да се ослободите од првутот. Може да користите и шампон специјално направен за првут, постојат различни варијанти според лековите што ги содржат.

7. Премногу често ја стилизирате косата

13 навики што доведуваат до појава на првут

Ако восокот, гелот или лакот за коса не се отстранат правилно од вашата коса, тие со текот на времето се наталожат, правејќи ја косата мрсна и валкана. Со текот на времето, вашиот скалп може да стане иритиран, сув и да ве чеша. Освен тоа, топлината и хемикалиите од овие производи ја прават вашата коса слаба и кршлива. Може да развиете и чувствителност на одредени производи за нега на кожата, па затоа бидете внимателни со тоа што ќе го одберете.

8. Под стрес сте

13 навики што доведуваат до појава на првут

Кога сте под стрес, страда вашиот имунолошки систем и тоа може да ги поттикне производството на масло и растот габите. Ако забележите дека имате првут во одреден временски период, запишете кои настани се случиле за тоа време и како тие влијаеле на здравјето на вашата коса. Пешачете за да ги исчистите мислите, вежбајте јога или направете си долга и топла бања. Тоа ќе ви помогне да се опуштите.

9. Јадете премногу шеќер

13 навики што доведуваат до појава на првут

Шеќерот може да влијае на здравјето на вашата коса создавајќи нерамнотежа на хормоните во вашето тело. Тоа го зголемува нивото на шеќер во крвта, така што вашите жлезди почнуваат да произведуваат повеќе масло. Ако вашата исхрана се состои од многу слатки, може да имате мрсна коса.

10. Не се храните правилно

13 навики што доведуваат до појава на првут

Се покажа дека млечните производи и заситените масти ги зголемуваат воспалението и производството на себум. За да го контролирате ова, обидете се да јадете храна богата со цинк и витамини од групата Б. Бананите имаат многу од овие хранливи материи, но не заборавајте да јадете морска храна, ореви, авокадо или црвено месо бидејќи тие се одлични извори на цинк.

11. Не го навлажнувате вашиот скалп доволно

13 навики што доведуваат до појава на првут

Вашиот скалп е ист како кожата на вашето тело, па затоа треба да се третира како таков. Сувиот скалп може да се лупи и да ве чеша, па затоа нанесете навлажнувач секогаш кога имате можност. Не мора да купувате специјални производи за ова, туку земете неколку јајца и ставете ги жолчките во еден сад. Можете да додадете јогурт, лимон и мед, а целата смеса да ја ставите на сувата коса. Покријте ја косата со капа за туширање, а потоа исплакнете ја со шампон. Жолчките ги содржат сите протеини и витамини што ѝ се потребни на вашата коса. Лимонот има антимикробни својства, а јогуртот е природен навлажнувач.

12. Не го масирате скалпот

13 навики што доведуваат до појава на првут

Без разлика дали користите маска со жолчки или јогурт, не заборавајте да го масирате скалпот нежно и да не триете премногу силно бидејќи кожата е многу чувствителна. Можете да го масирате скалпот дури и на сува коса бидејќи тоа го смирува скалпот. Ако ве чеша, немојте да го гребете. На тој начин само ќе го иритирате.

13. Не користите заштитен фактор

13 навики што доведуваат до појава на првут

Покрај навлажнувањето и масажата, мора да ги заштитите косата и скалпот од сончевата светлина, особено ако имате кратка коса. Вашата кожа може да изгори и да почне да се лупи, предизвикувајќи појава на првут. Можете да нанесете крем за сончање директно на скалпот ако косата е кратка. За средна и долга коса, можете да најдете специјални кремови за стилизирање што ќе ги заштитат вашите прамени од оштетувањето на УВ-зраците.

Прочитајте како да го отстраните првутот без употреба на хемикалии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар