12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

Денес навистина се прославува трендот на здрава исхрана. Повеќето луѓе внимателно ги проучуваат состојките на сите намирници што ги купуваат и знаат што е добро, а што не за нивното тело. Но, истражувањата одново и одново докажуваат дека понекогаш е тешко да одредите што е добро за вас, бидејќи многу видови храна содржат и разни хемикалии за кои не сте ни знаеле дека постојат. Во продолжение погледнете ги прехранбените намирници кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа.

12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

1. Оризот содржи јаглехидрати кои прават молекулите на гликозата побрзо да влезат во крвта. Поради ова, нивото на шеќер во крвта може драстично да се промени, што пак има негативно влијание врз здравјето на мозокот и нервниот систем.

2. Пуканките содржат протеини, злато, фосфор, железо, силициум и магнезиум кои ја овозможуваат правилната функција на нервниот систем. Покрај тоа, витаминот Б во пуканките помага во борбата против депресијата и стресот.

12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

3. Туната содржи многу жива, а големото количество жива во крвта може да предизвика проблеми со меморијата. Исто така, туната содржи полихлориран бифенил, синтетичка хемикалија која има влијание врз хормоните и ја нарушува функцијата на нервниот систем.

4. Свинската маст содржи ретка алкохолна киселина. Таа се наоѓа во ткивото на телото и е незаменлива кога станува збор за нормална функција на мозокот. Исто така помага во борбата против Алцхајмер.

12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

5. Житните култури содржат глутен којшто е неопходен за нивниот раст. Антителата во глутенот можат да ги нападнат хемикалиите коишто се важни за нашиот организам. Доколку има недостаток од овие хемикалии, можно е да се појават панични напади и депресија.

6. Темното чоколадо содржи флавоноиди кои се одговорни за активирањето на мозочните клетки. Оваа храна ги зголемува крвните садови, ја стимулира мозочната функција и го снабдува мозокот со кислород.

12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

7. Тврдото сирење содржи тирамин кој настанува при разградувањето на протеините. Тираминот може значително да го зголеми крвниот притисок и да предизвика мигрена.

8. Печените компири се богати со калиум кој испраќа кислород до мозокот. Исто така, оваа храна содржи гликоза, витамин Б и аминокиселини кои го снабдуваат мозокот со крв и му ја даваат потребната енергија.

12 прехранбени продукти кои можат да имаат чудно влијание врз вашата психа

9. Гравот содржи танинова киселина. Доколку во телото имате премногу од оваа киселина, ќе го отежнете разградувањето на минералите. Ова може да предизвика проблеми со снабдувањето на мозокот со крв и анемија.

10. Куркуминот, главната состојка на карито, содржи многу антиоксиданси и го забавува стареењето на мозокот. Оваа состојка ги поддржува когнитивните функции, кои обично се влошуваат со текот на времето.

11. Шафранот содржи многу минерали, витамин Б и витамин Ц. Тој ја подобрува функцијата на мозокот, па дури и помага во лекувањето на некои нарушувања.

12. Циметот го прави мозокот поактивен поради состојките како цинамил алкохол и цинамалдехид. Мирисот на циметот помага во решавање проблеми кои бараат многу внимание, визуелна меморија и брзо реагирање.

Погледнете и кои видови храна предизвикуваат живописни соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар