Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

Веројатно имате забележано дека бројот на разводи постојано расте. Имено, односите помеѓу луѓето се цела наука. Американскиот психолог Џон Готман, кој ги проучува човечките односи веќе 40 години, утврдил дека постојат 4 причини за ова. Во продолжение погледнете кои се, и како можете да се справите со нив.

Зошто денес се растураат сè повеќе и повеќе бракови?

1. Исмејување на партнерот

Показател: Еден од партнерите го исмејува другиот приватно или во јавност, му дава навредливи прекари и не го цени неговото мислење. Едноставно кажано, со ова однесување, партнерот покажува дека не го цени својот сопружник и дека покрај него, тој се чувствува многу поважно.

Решение: Ставете се во положбата на саканата личност која е предмет на исмејување. Секој пат кога ќе сакате да го потцените или исмејувате партнерот, размислете колку го сакате.

2. Претерано критикување

Показател: Еден од партнерите е гневен за секоја грешка на другиот партнер, а неретко се навраќа на слични ситуации од минатото. Како резултат на ова, тој ги критикува и грешките што не вреди ни да се спомнат.

Решение: Немојте да користите агресивен тон во разговорот и никогаш немојте да трансформирате еден проблем во милион други. Доколку мирно го замолите партнерот да не повторува некои грешки, резултатот ќе биде многу подобар.

3. Одбранбен став без преземање одговорност

Показател: Еден од партнерите мисли дека направил нешто лошо, па за да ја избегне критиката веднаш се обидува да се одбрани, и тоа навистина агресивно. Како резултат, другиот партнер ќе почне да се однесува исто и целата расправа ќе се претвори во префрлање вина.

Решение:Во овие случаи, многу полесно е партнерот да ја преземе одговорноста за своето однесување и мирно да се извини. На овој начин нема да трошите време на бесмислени расправии.

4. Избегнување конфликти и игнорирање на партнерот

Показател: Кога ќе почувствуваат дека доаѓа бура, некои луѓе реагираат брзо и без емоции. Други пак го игнорираат партнерот на секој можен начин.

Решение: Немојте да бегате од вашите емоции. Секој проблем решавајте го веднаш, на мирен начин. Сепак, станува збор за вашиот животен партнер и секој проблем што го потиснувате, кога-тогаш ќе излезе на површина.

Погледнете и кои се најголемите грешки што ги прават сите штотуку венчани парови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар