10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

6. Вежба за рамења

10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

Оваа вежба ги активира рамењата и горниот дел од грбот.

  • Застанете исправено со тег во секоја рака.
  • Испружете ги рацете на страна и свиткајте ги лактите под прав агол. Рацете треба да се паралелни со подот.
  • Кренете ги теговите над главата, а потоа вратете се во почетната положба.

7. Веслање

10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

Оваа вежба е добра за рамењата и горниот дел од грбот, а истовремено ги отвора и градите.

  • Застанете исправено и раширете ги нозете колку колковите.
  • Држете ги теговите пред вас со дланките насочени кон нозете.
  • Подигнете ги теговите до вашите гради. Рацете треба да ви формираат права линија со рамењата.
  • Вратете се во почетната положба.

8. Руско вртење

10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

Оваа вежба го активира целиот горен дел од телото.

  • Седнете исправено, свиткајте ги колената и малку навалете се назад.
  • Во рацете држете топка пред вашите гради.
  • Завртете се кон лево заедно со топката.
  • Вратете се во средина и повторете на десната страна.

9. Склекови

10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

Склековите можат да активираат разни мускули, во зависност од тоа каде ги поставувате рацете. Доколку рацете се во ширина на рамењата, ќе ги активирате грбот и рамењата. Доколку ги поставите рацете поблиску, ќе ги активирате трицепсите.

  • Застанете во положба на планк.
  • Свиткајте ги лактите и спуштете се, а телото држете го во права линија.
  • Вратете се во почетната положба.

Можете да го следите вашиот напредок според бројот на склекови што можете да ги направите на крајот од вежбањето. Секако, не заборавајте дека квалитетот е поважен од квантитетот. Можете да ја користите следнава скала за следење на напредокот:

  • Прво ниво: 1-5 склекови
  • Второ ниво: 6-10 склекови
  • Трето ниво: 11-12 склекови
  • Четврто ниво: Над 20 склекови

10. Планк

10 вежби за горниот дел од телото со кои ќе изгледате неверојатно за само 4 недели

Секој ја сака оваа вежба бидејќи не само што ги активира стомачните мускули, туку ги обликува и рамењата и рацете. Всушност, добра е за сите мускули во вашето тело.

Пробајте ги и овие 10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од килограмите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар