Нови интересни апликации за љубителите на уметноста

Нови интересни апликации за љубителите на уметноста

Најчесто смартфоните ги користиме за апликации за социјални мрежи и за проверување на електронската пошта. Некои луѓе кои се грижат за нивното здравје, користат и апликации со кои ги бројат нивните калории или нивните чекори. Доколку истото важи и за вас, можеби ќе сакате да внесете малку креативна енергија во вашиот смартфон и да искористите нешто повеќе од опциите што ви ги нуди.

Од интересни апликации за цртање, до социјални мрежи за уметници, овие апликации ќе ви помогнат да ги споделите вашите уметнички дела, доколку ги имате, да откриете нови имиња во уметноста, но и да научите нешто ново.

1. Google Arts & Culture

Интересни нови апликации за љубителите на уметноста

Иако оваа апликација се наоѓа на пазарот уште од 2016-та година, стана позната дури неодамна. Најверојатно причината е што во апликацијата е додадена функција со која историјата на уметноста може да се поврзе со сегашноста, како на пример со „уметничко селфи“. Ова доближување до сегашноста ја зголеми популарноста на апликацијата и во последно време, таа е една од најбараните уметнички апликации.

Со помош на вештачката интелигенција и програмата за препознавање лица, апликацијата може да го поврзе вашето лице со ваш „двојник“ од историјата на уметноста. Исто така, апликацијата ви нуди можност за виртуелна посета на галерии, каде што можете да видите дела за кои ретко би имале можност да ги видете во живо. Апликацијата има навистина интересен пристап, голем број уметнички дела и многу интересни приказни од уметноста.

Апликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.

2. Just a Line

Интересни нови апликации за љубителите на уметноста

Замислете си да можете да направите огромен цртеж во воздухот само со вашите прсти, а потоа да се движите низ него, околу него или да го почувствувате во просторот. Овој сон кој може да звучи како магија, станува реалност со апликацијата Just a Line. Апликацијата користи проширена реалност која ви овозможува да правите едноставни линии на телефонот кои изгледаат како да се појавуваат пред вас. Можете да го снимате и да го споделите вашиот процес на творење, да пробате како би изгледало нешто во просторот, а можете да играте и „икс-нула“ во воздухот со вашите пријатели. Навистина забавно, зарем не?

Апликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.

3. Procreate Pocket

Интересни нови апликации за љубителите на уметноста

Ова е најдобрата апликација од Apple App Store за 2018-та година и е неверојатно популарна апликација за дигитална уметност, особено во светот на уметниците, што кажува многу за нејзиниот квалитет. Апликацијата ви овозможува неверојатно реално искуство на сликање и можност за создавање ремек-дела на вашиот телефон или ајпад. Со 135 различни четки и опциите за ефект на текстура на масло, фреска или водени бои, оваа апликација дефинитивно е број еден за сите оние кои сакаат да експериментираат или кои имаат потреба да направат квалитетна скица во движење. Апликацијата овозможува лесно менување на четките, огромна палета бои, но и симулирање на интензитетот на потезите – колку посилно притиснете на екранот, толку е линијата подебела, исто како и на хартија.

Апликацијата е достапна за iOS по цена од 4,40 евра.

4. Daisie

Интересни нови апликации за љубителите на уметноста

Оваа апликација се наоѓа на пазарот од август, 2018-та година и веќе е доста популарна. Покрај тоа што е корисна, коосновачот на апликацијата е познатата Мејси Вилијамс, која ја знаеме како Арја Старк од „Игра на тронови“. Младата актерка, заедно со филмскиот продуцент Дом Сентри, сакала да ја реализира нејзината идеја за мрежа која ќе им помогне на младите креативни луѓе, инспирирани од креативните индустрии како филм, музика и уметност, да се поврзат и да ја лансираат нивната кариера. Апликацијата им овозможува на корисниците да направат свој профил и на него да ги додаваат нивните проекти. Исто така, таа се фокусира на поврзување на истомисленици и идни соработници. Профилот на корисникот расте и напредува со растењето на конекциите. Една од најважните карактеристики на апликација е опцијата Question Time која им овозможува на корисниците да им поставуваат прашања на лидерите во индустријата, да побараат совет од нив или сугестија. Иако засега е достапна само за iOS, во подготовка е и верзија за Android.

Апликацијата е достапна бесплатно за iOS.

Пробајте ги и овие одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар