10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Слабеењето не мора секогаш да биде јадење храна без вкус и постојана посета на теретаната. Можете да го добиете посакуваното тело на многу поедноставен начин – со длабоко дишење. Во комбинација со едноставни физички вежби, длабокото дишење ќе ви помогне да се ослободите од вишокот масти, а резултатите ќе бидат трајни. Следниве 6 вежби се одлични доколку сакате да го пробате овој метод.

1. Вежба со дишење во шише

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

За вежбата ви е потребно само празно пластично шише.

Што да правите:
  • Застанете на сите четири и ставете го отворот на шишето во устата.
  • Вдишувајте и издишувајте бавно со помош на дијафрагмата.
  • Вдишете низ носот, а издишете го воздухот во шишето додека ги активирате дијафрагмата и стомачните мускули. Важно е издишувањето да биде кратко, но моќно.
  • Направете 15 повторувања, или повторувајте ја вежбата 10-тина минути.

Бидете внимателни со оваа вежба. Доколку почувствувате вртоглавица или каква било неудобност одморете се, па потоа продолжете.

2. Лавовски здив

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Иако вежбата можеби изгледа смешно, таа е особено добра за вашиот врат и ќе ви помогне да се ослободите од дуплата брада.

Што да правите:
  • Клекнете на колена и потпрете го задникот на стапалата.
  • Поставете ги дланките помеѓу нозете свртени кон вас и исправете ги рацете.
  • Вдишете преку носот, а издишете силно преку устата испуштајќи го звукот „ха“.
  • За време на издишувањето широко отворете ја устата и исплазете го јазикот што е можно повеќе. Ќе почувствувате напнатост на вратот, брадата и мускулите на лицето.
  • Повторете 4-6 пати.

3. Истегнување на нозете

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Оваа вежба ги активира стомачните мускули, ги зајакнува мускулите на грбот и го подобрува држењето на телото.

Што да правите:
  • Легнете на грб, кренете ги колената и истегнете ги нозете.
  • Поставете ги рацете на подот покрај телото.
  • Издишете, поставете ги рацете зад главата и исправете ги лактите. Вдишете 2 пати.
  • Додека издишувате кренете ги нозете под прав агол и останете во истата положба 15-20 секунди. Дишете со нормален ритам.
  • На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 60 степени. Останете во оваа положба околу 1 минута и дишете со нормален ритам.
  • На следното издишување спуштете ги нозете под агол од 30 степени. Останете во оваа положба од 30 секунди до 1 минута и дишете со нормален ритам.
  • Издишете и бавно спуштете ги нозете на подот.

4. Брод

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Оваа вежба ги активира сите стомачни мускули.

Што да правите:
  • Седнете на подот со свиткани колена.
  • Испружете ги рацете напред и навалете се назад.
  • Стегнете ги стомачните мускули и исправете ги рацете.
  • Исправете ги нозете и подигнете ги стапалата и застанете во положбата како на фотографијата.
  • Држете ја положбата 15-20 секунди и дишете полека.
  • Повторете 3-4 пати.

5. Разладување

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Оваа вежба ви дава контрола над чувството на глад и жед и ги лади телото и умот.

Што да правите:
  • Седнете со вкрстени нозе.
  • Исплазете го јазикот и свиткајте го како на фотографијата.
  • Вдишете низ јазикот. Започнете со вдишување од 4 секунди и издишување од 6 секунди низ носот.
  • Правете ја вежбата 5 минути.

6. Ножици

10-минутни вежби со дишење кои ќе ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми

Оваа вежба ги зајакнува стомачните мускули, го израмнува стомакот и го зајакнува целиот труп.

Што да правите:
  • Легнете на грб и спојте ги нозете.
  • Поставете ги дланките под задникот, а главата и грбот притиснете ги на подот.
  • Вдишете, издишете и направете пауза.
  • Подигнете ги нозете, а потоа спуштете ја десната нога малку подолу.
  • Подигнете ја десната нога и спуштете ја на истиот начин, како ножици.
  • Повторете 6-7 пати, вдишете и опуштете се.

Пробајте ги и овие одлични јога вежби за намалување на килограмите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар