Кинезите откриле евтин материјал што отстранува 99,9999% од бактериите во водата

Кинезите откриле евтин материјал што отстранува 99,9999% од бактериите во водата

Едно ново откритие од Кина има потенцијал да им овозможи чиста вода за пиење на милиони луѓе ширум светот. Можеби најдоброто нешто за ова откритие е што процесот е напојуван од сонцето.

Кинезите откриле евтин материјал што отстранува 99,9999% од бактериите во водата

На почетокот на овој месец, истражувачите од Универзитетот Јангжу направиле систем којшто отстранува дури 99,9999% од бактериите во водата, вклучувајќи ја и бактеријата ешерихија коли. Целиот процес е заснован на 2Д материјали и сончева светлина.

Тестовите на научниците потврдиле дека овој систем може да прочисти доволно вода за пиење за четворица луѓе, за помалку од 30 минути.

Па, како функционира ова неверојатно откритие? Во сад со вода, како фотокатализатор се користат ливчиња од графитен јаглероден нитрид. Кога ќе се изложат на светлина, ливчињата ослободуваат електрони кои се сврзуваат со кислородот во водата и создаваат соединенија кои ги чистат бактериите од водата.

Се разбира, постојат и други системи за прочистување што користат слични хемиски процеси за уништување бактерии. Но, најчесто тие се засновани на фотокатализатори кои оставаат штетни хемиски загадувачи. Покрај тоа, на овие системи обично им е потребно повеќе од еден час за да прочистат 10 литри вода.

„Првата стапка на дезинфекција беше пет пати повисока од претходните фотокатализатори без метал“, изјавил коавторот на студијата, Ванг Ченгјуин.

Моментално тимот се обидува да го примени нивниот систем во преносливи садови за пиење. Целта е системот да се разнесе на сите ризични места ширум светот.

„Идната примена на оваа технологија може значително да помогне со недостатокот од вода и глобалниот недостаток од енергија“, изјавил Ванг Да, главниот истражувач.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар