10 важни работи коишто треба да ги научите вашите деца пред да наполнат 13 години

10 вештини коишто треба да ги научат вашите деца пред да наполнат 13 години

Според мислењето на психолозите, тинејџерските години започнуваат кога децата се на возраст од 9 до 13 години. Ова е период на транзиција, во кој родителите треба да престанат да прават сè за нивните деца и да започнат да ги учат да станат понезависни. За да биде оваа транзиција поедноставна, родителите треба да им помогнат на нивните деца да ги научат овие 10 клучни животни вештини, пред 13-годишна возраст, за да станат успешни индивидуалисти во иднина.

1. Треба да научат како да заработуваат и управуваат со пари

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Можете да започнете да ги учите вашите деца на некои основни финансиски вештини, од моментот кога ќе научат како да бројат. До нивната 13-годишна возраст, тие треба да бидат способни да заштедат пари од нивниот неделен џепарлак, да бидат свесни колкави се основните трошоци во едно домаќинство, да прават разлика помеѓу дебитни и кредитни картички и да знаат да носат разумни одлуки во однос на трошењето и заштедата на пари.

2. Треба да научат да ги извршуваат основните домаќински обврски

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Според експертите по психологија, децата можат да научат да извршуваат многу обврски уште од рана возраст, како што е раздигувањето на масата после вечера или издвојувањето на алиштата што им се за перење. Додека да наполнат 13 години, тие треба да знаат да си ги пеглаат алиштата, да ја испразнат машината за миење садови, да си ја сменат постелата на којашто спијат, да исперат автомобил, да го исчистат тоалетот и да ја средат кујната. Родителите треба да бидат упорни и конкретни во нивните побарувања и да ги охрабруваат децата.

3. Треба да научат да подготвуваат оброци

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Готвењето е многу важна вештина, којашто ќе им биде неопходна на децата кога ќе станат возрасни личности. Во денешно време, имаме пристап до безброј едноставни рецепти за салати, сендвичи, пржени јајца, тестенини и супи. До својата 13-годишна возраст, децата треба да бидат способни да го испланираат семејниот ручек, да ги следат инструкциите на едноставните рецепти и да умеат да се снајдат со кујнската опрема. Исто така, немојте да заборавате да ги научите вашите деца на хигиена и безбедност во кујната.

4. Треба да научат да пазарат во маркет

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Доколку ги носите децата со вас додека пазарите продукти за дома, ќе им помогнете да развијат разни неопходни вештини, како што се: пишување листа со потребни продукти, смислување идеи за оброци и трошење во согласност со определениот буџет. Научете ги како да ги читаат состојките на амбалажите на продуктите и како да одберат квалитетни и поевтини производи.

Воедно, немојте да заборавите да им поставите граници. Едно истражување спроведено во Универзитетот Канзас, покажало дека 50% од децата, коишто одат заедно со нивните родители на пазарење во супермаркетите, бараат од нив да купат уште нешто што не е на пазарната листа и само 50% од родителите, успеваат да му одолеат на искушението.

5. Треба да научат да се грижат за нивната лична хигиена

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Експертите велат дека многу родители сметаат дека нивните деца на возраст од 10 или 11 години, сами ќе научат да се грижат за личната хигиена, по природен пат. Но, реалноста е дека постојат многу нешта коишто родителите треба да ги дискутираат со нивните деца, пред да биде предоцна. Такви работи се: секојдневното туширање, користењето деодоранс, менувањето на облеката, бричењето, оралната хигиена и сл. Запомнете, дека многу е важно самите да бидете добар пример и секогаш објаснувајте им на вашите деца, зошто е неопходно да се грижат за самите себе.

6. Треба да научат да користат основна опрема за прва помош

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Учењето како да користат опрема за прва помош, ќе им овозможи на децата сами да си помогнат ако се повредат, а нема никој возрасен во близина. Црвениот крст во Велика Британија, укажува на тоа колку е важно основната медицинска помош, да се вклучи како дел од образовниот систем. Некои истражувања откриваат дека децата уште на 4-5 години, се способни да го запомнат телефонскиот број за прва помош, правилно да го проценат ритамот на дишење кај луѓето и да ги запомнат правилните позиции за закрепнување. Постарите деца, треба да научат и како да го сопрат крвавењето и да третираат изгореници и убоди од оса.

7. Треба да научат да го менаџираат своето време

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Вештините за управување со време, се основно нешто во животот, па затоа тинејџерите треба да бидат способни да прават планови, да одредуваат приоритетни обврски и да работат продуктивно. Посочете им на вашите деца некои корисни алатки, коишто можат да ги направат попродуктивни, како што се известувањата на телефонот, разни апликации за организација и специјални календари. Укажете им дека одлучувањето што да направите и кога да го направите, станува многу полесно, кога ќе го запишете некаде. Подарете им рачен часовник за да бидат точни, помогнете им да се справат со работите коишто им го одвлекуваат вниманието и како и за сè друго, бидете добар пример за нив.

8. Треба да ги совладаат социјалните вештини и манири на однесување

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Многу е важно да ги научите вашите деца да имаат добри манири на однесување и тоа да го направите што е можно порано. Додека се помлади, охрабрете ги да бидат љубезни, да научат да споделуваат работи со другите и да ги почитуваат постарите. Разните забави во вашиот дом, се добра прилика да ги научите вашите деца како да бидат добри домаќини и да им ги објасните манирите за однесување на маса. Исто така, немојте да заборавате дека во модерново време, многу се важни и манирите на однесување во интернет – комуникацијата.

Доколку ги научите вашите деца како да ги следат основните манири на однесување, тоа ќе им помогне полесно да се справат со секојдневието кога ќе станат тинејџери, да напредуваат во кариерата и подобро да се вклопат во друштвото на нивните врсници.

9. Треба да научат да користат навигација до местата што се во близина

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Голема е веројатноста дека вашите тинејџери ќе патуваат сами или ќе возат автомобил, во наредните неколку години. Поради тоа, многу е важно да научат како да ги користат алатките за навигација и како да гледаат на мапа. Додека да наполнат 13 години, децата треба да бидат способни да ги запомнат насоките, да ги препознаваат симболите на мапите и да се ориентираат во простор. Постојат многу ресурси онлајн, коишто можат да го претворат гледањето на мапи, во забавна активност за вашите деца.

10. Децата треба да научат како да ги контролираат своите емоции

10 важни вештини коишто треба да ги научите вашите деца пред нивната 13-годишна возраст

Не само тинејџерите, туку и многу возрасни личности, немаат способност да ги прифатат и контролираат нивните емоции, како што се стресот, гневот и нервозата. Учењето како да се справат со истите, вклучува способност за идентификување на емоциите коишто ги чувствуваат, разбирање и прифаќање на ситуацијата таква каква што е, справување со емоциите и барање помош кога им е неопходна. Важно е да им воочите на вашите деца, дека тагата не е знак на слабост во карактерот, туку дека напротив и позитивните и негативните емоции, ќе им помогнат подобро да се справуваат со ситуациите во понатамошниот живот.

Може да ве интересира и Зошто мајките во Индија не ги казнуваат нивните деца?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар