10 убави животни лекции од Далај Лама

10 убави животни лекции од Далај Лама

Целта на учењето на Далај Лама е да ги промовира човечките вредности како дисциплината, простувањето, емпатијата, среќата, мирот и љубовта. Тој себеси се опишува како „едноставен будистички свештеник“ а токму од оваа негова скромност потекнува и неговата мудрост.

10-ubavi-zhivotni-lekcii-od-dalaj-lama-kafepauza.mk

1. Љубовта претставува отсуство на судење

Судењето нема никаква цел во животот. Тоа ве отстранува од вистината, како и од љубовта и ве држи во илузијата на одделеност. Љубовта е вистинскиот дел од нас и таа нема граници.

2. Мојата религија е многу едноставна, мојата религија е добрина

Добрината и сочувството се јадро на сите духовни учења и патишта. Тоа е нешто што секој може да го научи ако сака. Наместо да ги критикувате другите, работете на тоа да бидете позитивни. Добрината ќе направи да се чувствувате добро и ќе го подобри вашето ментално здравје.

3. Позитивните и негативните акции се одредени од вашата мотивација – ако мотивацијата е добра, сите акции се позитивни, но ако мотивацијата е грешна, сите акции се негативни

Секоја акција, без разлика на резултатот, најмногу зависи од мотивот. Ако мотивот е искрен, тогаш акцијата ќе биде позитивна. Но ако вашиот мотив е злобен, дури ни религијата не го оправдува.

4. Запомнете дека понекогаш е голема среќа ако не го добиете она што го сакате

Кога работите не одат по планираното, ние гледаме кон нас со цел да си го зголемиме фокусот и да научиме од грешките. Кога ќе го надминете стравот од неуспех, ќе можете да се соочите со кој било предизвик на вашиот пат.

5. Не можеме да направиме мир во светот ако немаме мир во нас

Повеќето луѓе живеат во илузија дека среќата доаѓа од надвор. Но, ако вие не сте помирени со самите себе, надворешниот свет нема да направи некоја разлика. Живејте во сегашноста, таа е сè што имате.

6. Спиењето е најдобрата медитација

Спиењето е период кога доаѓаме во допир со нашиот потсвесен ум преку соништата. Патуваме кон сосема нов свет и се враќаме свежи. Никогаш немојте да го занемарите квалитетниот сон.

7. Вистински херој е оној кој ги победува своите гнев и омраза

Лесно е да станете жртва на негативните емоции. Гневот многу лесно може да предизвика и депресија. За да се ослободите од гневот и омразата потребна е вистинска посветеност, сочувство и трпеливост. А оној кој ќе успее, навистина направил херојски подвиг.

8. Таму кај што владее незнаењето, мирот нема шанса

Незнаењето е коренот на сите наши фрустрации кои евентуално се покажуваат. За да го надминете ова и да почувствувате мир, издигнете се над земјата (катастрофата) и расцутете (еволуирајте) како лотос.

9. Речиси е невозможно еден настан да биде негативен од сите аспекти

Немојте да изгубите надеж ако некоја ситуација или некој настан се негативни. Погледнете на светлата страна и прифатете ја ситуацијата. Со ова животот нема да ви изгледа како товар, туку како една голема авантура.

10. Вистинската духовност е ментално однесување кое можете да го вежбате во секој момент

Духовноста е создавање чувство на поврзаност со нешто поголемо од нас. Нејзината цел е да ја разбуди нашата вистинска природа. Можете да имате духовно искуство со читање музика, работење во шума, гледање на изгревањето на сонцето, или што било друго што ја храни вашата душа.

Прочитајте ги и 18-те правила на живеење според Далај Лама.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар