18 правила за живеење според Далај Лама

Според традицијата која потекнува уште од 1391 година, Далај Лама го претставува главниот старешина – монах на тибетските будисти. Се верува дека тој е бесмртен, поточно дека неговиот дух, по смртта на телото во кое тој живее, преминува во телото на младо момче кое е претходно определено да биде следниот лама. Досега, вкупно имало 14 поглавари, а последниот е признаен во 1950 година.

(0)-18-pravila-za-zhiveenje-spored-Dalaj-Lama-kafepauza.mk

Основната цел на секое човечко суштество е да постигне среќа. Без разлика на религијата, идеологијата или политиката, сите ние трагаме по среќата и внатрешниот мир. Сите проблеми со кои можеби се среќаваме во денешницата се поделени на два дела: едните се оние работи кои не зависат од нас и врз кои не можеме да влијаеме никако, па сè што ни останува е да најдеме сопствен начин како да се справиме со нив; вторите се оние кои самите ги создаваме и за кои токму ние, луѓето сме целосно виновни. Овие проблеми настануваат токму поради нашата различност, верувања и гледишта. Но без разлика на нив, не смееме да дозволиме тие да дојдат над нашата цел – среќата. Човечноста секогаш треба да е над материјалното и идеологијата, и она најважното дека целта не ги оправдува средствата.

Најголема опасност денес за човештвото е заканата од нуклеарно уништување. Нема да елаборирам на оваа тема, но би сакал да им се пожалам на сите лидери на нуклеарните моќи, кои буквално во раце ја држат иднината на светот, на научниците и техничарите кои продолжуваат да ги создаваат овие неверојатни оружја за уништување и на сите обични луѓе кои имаат моќ да влијаат врз овие луѓе. Сакам да се пожалам и да им порачам да се преиспитаат себеси и својот разум и да преземат мерки за да ги уништат овие нуклеарни оружја. Знаеме дека доколку дојде до војна нема да има победници бидејќи нема да има преживеани. Не е ли застрашувачки да се набљудува вакво нечовечно и бездушно уништување? И кога веќе ја знаеме, нели е логично да ја отстраниме причината за нашето уништување, а ги имаме потребното време и средства? Проблемите не можеме да ги отстраниме кога ја немаме причината или, доколку ја знаеме причината, ги немаме потребните средства да го направиме тоа. Но ова не е случај со нуклеарната закана. – Далај Лама

На почетокот на овој век, Далај Лама ги изнесе следниве 18 правила за живеење:

1. Земете предвид дека големата љубов и големите постигнувања вклучуваат огромен ризик.

2. Кога губите, не губете ја и лекцијата која произлегува од тоа.

3. Следете ги трите „П“: 1. Почитувајте се себеси. 2. Почитувајте ги другите. 3. Преземете одговорност за сите работи кои сте ги направиле.

4. Запомнете дека понекогаш, тоа што нема да го добиете точно она што го сакате, е голема среќа.

5. Научете ги правилата за да знаете како правилно да ги прекршите.

6. Не дозволувајте мало недоразбирање да уништи големо пријателство.

7. Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, веднаш преземете мерки за да ја исправите.

8. Поминувајте малку време сами секој ден.

9. Бидете отворени за промени, но не напуштајте ги своите вредности.

10. Запомнете дека тишината понекогаш е најдобриот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. Така, кога ќе остарете и ќе се свртите наназад, ќе имате можност да уживате во него по втор пат.

12. Дом исполнет со љубов е основата на вашиот живот.

13. Во расправиите со саканите, справувајте се само со тогашната ситуација. Не го плеткајте минатото.

14. Споделувајте го знаењето. Тоа е начин да се постигне бесмртност.

15. Бидете нежни со планетата Земја.

16. Еднаш годишно, одете некаде каде не сте биле никогаш претходно.

17. Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која љубовта која ја имате еден за друг ја надминува потребата која ја чувствувате еден за друг.

18. Судете го вашиот успех според она од кое треба да се откажете за да успеете.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

  1. Slobodan Reply

    Мала замерка без навреда
    Кога се зборува за духовност,
    а треба и да го имаме во секојдневието,
    не е човечко (суштество) туку Битие.
    Убав ден

Остави коментар