10 трикови за употреба на брашното

10 трикови за употреба на брашното

Покрај за приготвување леб и колачи, брашното ќе ви послужи и за задебелување на кремастите сосови и чорби. Секогаш е корисно да ја имате оваа намирница дома, не само за готвење, туку и затоа што може да ви го олесни чистењето. Погледнете за што можете да го користите брашното.

10 трикови за употреба на брашното

1. Служи како сув шампон

Можете да искористите малку брашно за да го апсорбирате вишокот мрснотии од косата. Пред тоа, важно е да го просеете брашното бидејќи тоа ќе ви помогне да го нанесете рамномерно. Ставете брашно во коренот на косата со мека четка за шминка и оставете го да отстои 30 минути, а потоа истресете го или исчешлајте ја косата. Најдобро е овој третман да го правите во када за да не направите хаос во бањата. Брашното ќе ги апсорбира мрснотиите од косата и таа ќе изгледа многу посвежо.

2. Помош против мозолчиња

За побрзо да се ослободите од мозолчињата, измешајте малку брашно и мед. Ставете ја смесата на мозолчето, покријте ја со фластер и оставете да дејствува преку ноќ. Наутро мозолчето треба да биде многу помало благодарение на смирувачкото дејство на медот и на брашното.

3. За зрело авокадо

Ако имате авокадо кое сè уште не е зрело, можете да користите брашно за да го забрзате процесот на зреење. Ставете го авокадото во хартиена кеса, покријте го со брашно и оставете го да отстои еден ден. Потоа авокадото треба да биде зрело за јадење.

4. Против мравки

Познато е дека солта ги одвраќа мравките, а сличен ефект има и брашното. Ако забележите мравки низ домот, посипете ја таа областа со брашно. Мравките не ја сакаат прашкастата структура, ниту вкусот на брашното, така што тие ќе го избегнуваат тој дел од домот.

5. Против мрснотии

Посипете брашно над истуреното масло и ќе ви биде полесно да го отстраните. Само внимавајте да не го правите тоа со голи раце ако маслото е сè уште жешко.

6. Одлично за обликување

Брашното не е само практично, туку може да биде и забавно. За да добиете тесто за обликување слично на пластелин, измешајте осум чаши брашно со една чаша бебешко масло. Можеби ќе се забележува дека смесата е од брашно, но можете да ја обликувате како што сакате.

7. Направете домашен лепак

Измешајте брашно и вода во еднакви размери и мешајте додека не се изедначи. Смесата треба да биде како за палачинки. Турете ја во тенџере и загревајте на средна температура. Постојано мешајте додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето и оставете ја смесата да се излади. Чувајте ја во херметички затворен сад и нанесувајте ја со четка.

8. Исчистете го бакарот

Измешајте брашно и сол во еднакви размери и додајте доволно оцет за да формирате паста. Нанесете ја пастата на површината на бакарот и оставете ја да отстои додека не се исуши. Измијте го предметот со топла вода и тој ќе биде сјаен и чист.

9. Освежете ги картите

Стариот шпил карти можете да ги освежите со брашно. Ставете ги картите во торба полна со брашно, затворете ги и добро протресете за да ги покриете сите карти. Брашното ќе ги апсорбира нечистотиите како што се влагата и мрснотиите и потоа ќе ви биде полесно да ги отстраните со чиста и сува крпа.

10. За сјај на садовите

Откако ќе ги исчистите уредите од нерѓосувачки челик, можете да употребите малку брашно за да ги исполирате. Посипете малку брашно на чиста сува крпа и исчистете ги уредите за да заблескаат.

Прочитајте и кои се 12-те необични примени на активниот јаглен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар