12 необични примени на активниот јаглен

Активниот јаглен се користи за намалување на вишокот килограми и како лек за стомачни тегоби. Но, тој има и многу други својства и поради тоа не се користи само во медицината, туку и во козметиката. Подолу прочитајте ги 12-те необични примени на активниот јаглен.

12 необични примени на активниот јаглен

1. Апсорбира мириси

Јагленот во прав може да се користи како дезодоранс во фрижидерот. Само ставете малку јаглен и тој ќе апсорбира најразлични мириси. Исто така, можете да го користите и за апсорбирање мириси во тоалетот.

2. Боја на храна

Храната обоена со црна боја е тренд и го освои Интернетот. Најголем дел од таа храна е обоена со јаглен. Јагленот ѝ дава интересна боја на храната и ја прави поздрава. Лесен е за употреба, само отворете ја капсулата и користете го прашокот како што ја користите вообичаената боја за храна.

3. Ги чисти скалпот и косата

Јагленот длабоко ги чисти скалпот и косата и особено се препорачува за луѓе што имаат проблем со вишок мрснотии. Јагленот ги отстранува себумот и нечистотиите од косата давајќи ѝ свежина и дополнителен волумен. За луѓето што се борат со првутот, јагленот може да се користи како помошен лек.

4. Маска за чистење на лицето

Оваа маска се прави за една минута. Измешајте јаглен од две капсули со 1 лажица желатин или вода. Оставете ја маската на лицето додека не се исуши целосно. Овој третман помага во чистењето на порите и во отстранувањето на мртвата кожа.

5. За дијареја

Јагленот има силни апсорбирачки својства и ги апсорбира останатите супстанции вклучувајќи ги и бактериите и токсините што предизвикуваат дијареја. Јагленот ги заробува и ги врзува, а потоа заедно со нив се излачува од телото. Покрај тоа, јагленот ја покрива гастроинтестиналната слузница со слој што ја штити од штетни материи.

6. Избелување на забите

Кога станува збор за избелување на забите, активниот јаглен ги отстранува дамките. Всушност, ја менува pH-вредноста на устата и ги убива бактериите одговорни за кариес и за гингивитис. По природа, јагленот е тврд, но не грижете се, нема да ги оштети забите. Всушност, јагленот е еден од најдобрите начини за избелување на забите и враќање на свежиот здив.

7. Ги отстранува токсините од телото

Активниот јаглен ефикасно ги отстранува разните видови пестициди од телото. Покрај тоа, помага да се спречи предозирањето со некои лекови. За детоксикација, треба да земете 50-100 грама јаглен во капсули, но претходно консултирајте се со лекар.

8. Против акни на грбот

Активниот јаглен многу добро ја чисти кожата од себум и од бактерии. Благодарение на ова, купката со јаглен може да ги излечи дури и најтешките случаи на акни. Во водата ставете само 2 капсули прав.

9. Убод и осип

Во случај на убод од пчела или од комарец, измешајте две лажици активен јаглен со една лажичка кокосово масло и нанесете ја смесата на болното место. Нанесувајте на секои 30 минути додека не почувствувате дека се намалуваат чешањето или осипот.

10. Труење со алкохол, мамурлак

Активниот јаглен не апсорбира алкохол, но ќе ви помогне во отстранување на вишокот токсини од телото што предизвикуваат мамурлак. Ако земете активен јаглен во исто време со консумирањето алкохол, можете значително да ја намалиме количината на промили во крвта. Најдобро е да земете четири капсули веднаш по консумирањето алкохол и да се напиете малку вода.

11. Лош здив

Друго корисно својство на активниот јаглен е можноста да го отстрани непријатниот мирис бидејќи ја дезинфицира устата и има позитивен ефект врз дигестивниот систем.

12. Воспаление на окото

Ставете јаглен во прав во памучна кеса, врзете ја и потопете ја во топла или во ладна вода. Ефектот ќе биде навистина неверојатен.

Прочитајте и за необичната примена на шеќерот и во кои ситуации тој е повеќе од добредојден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар