Еве како едноставно и брзо да ги покриете седите влакна доколку немате време за бојадисување на косата

Еве како едноставно и брзо да ги покриете седите влакна доколку немате време за бојадисување на косата

Немате време целосно да ја бојадисате косата, а почнале да ви излегуваат седи влакна, или ви обраснале корените на косата? Посегнете по привремените производи за бојадисување кои го решаваат проблемот за неколку секунди. Таквите производи се маскарата за коса, кредите за коса, сувите шампони за обојување или лакот за коса во боја.

Еве како едноставно и брзо да ги покриете седите влакна доколку немате време за бојадисување на косата

Маскарата за коса е многу лесно се нанесува и не само што ги покрива седите влакна или обраснатите делови, туку и ви овозможува да ја освежите бојата на вашата коса.

На пазарот има различни нијанси на маскара за коса – од светло сина до потемни нијанси, но и розова, црвена и виолетова боја. Маскара за коса има најкраткотрајно дејство од сите привремени производи за боење на косата бидејќи трае едно до две миења.

Кредата за коса е малку потрајна од маскарата и ќе издржи од два до четири нанесувања на шампон. Се нанесува директно на влажна коса, а заради нејзината непроѕирност и текстура ќе го обои речиси секое седо влакно.

Ако сакате да се ослободите од седите влакна или обраснатата коса за неколку секунди, исто така, достапни се и суви шампони и спрејови за коса во боја.

Ваше е само да одлучите по какво брзо решение ќе посегнете за вашата коса повторно да заблеска!

Можеби сакате да прочитате и како да имате руса боја на коса без жолтило?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар