Волшебната ноќ пристигнува: Сите желби ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети

Уште од античко време, краткодневицата го симболизира почетокот на следната фаза во животот на човекот. Според античките легенди, сите желби и мисли во текот на ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети.

Волшебната ноќ пристигнува: Сите желби ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети

Зимската краткодневица е посебен ден: тоа е најкраткиот и најтемниот ден во годината и доаѓа на 21-ви кон 22-ри декември. Но, како што поминува овој ден, сонцето ќе биде сè поприсутно на небото, од ден на ден тоа ќе ви носи повеќе енергија и виталност.

Многумина од нас веќе со недели го чувствуваат пристигнувањето на зимската краткодневица. Како што секој ден добивате сè помалку сончева светлина, станувате поизморени и не сте толку подготвени да преземете какви било активности. Потребата за одмор се зголемува – како и потребата да се свртите кон вашиот внатрешен свет. Поради ова, деновите што следуваат се многу добри за медитација.

Нашите предци со години го одбележувале овој ден, потсетувајќи се на циклусите и сезоните што ја симболизираат постојаната промена на животната енергија од која сите сме дел. Тоа можеме да го согледаме и во многу духовни традиции.

Важноста на овој ден е поради самото сонце. Сонцето ја претставува нашата душа, но и нашето его. Сонцето ни овозможува да живееме на Земјата. Како што се намалува количината на сончева енергија, добиваме помалку енергија од надворешниот свет.

Тоа е време кога треба да се свртиме кон внатрешноста, кон медитација и да се поврземе со внатрешниот „извор на енергија“, што реално е многу помоќен од самото сонце. Тоа е тајната на зимската краткодневица.

Но, многумина во денешно време не му придаваат значење на овој ден. Наместо да ја користат оваа енергија за духовна пракса, луѓето честопати се чувствуваат уморни и имаат потреба да спијат подолго. Многумина се нервозни бидејќи не добиваат доволно енергија од вселената и немаат друг начин да го пополнат недостатокот.

Ритуали за време на зимска краткодневица

Во астрологијата, сонцето ја претставува виталноста на човекот, неговите особености и духовните компоненти. Периодот на краткодневицата е период на обновување на енергијата.

Денот на зимската сончева активност треба да се искористи и за да се испланираат нови идеи што треба да се реализираат следната година.

Добра идеја е да ја украсите елката со жолти, златни, црвени и портокалови украси деновиве, бидејќи овие бои носат богатство и просперитет во вашата куќа.

Во текот на денешниот ден, добро е да се запишат на хартија сите желби, цели, негативни искуства и неуспеси што ги доживеавте минатата година. Хартијата симболично се запалува за да се ослободите од сите стари искуства и да направите простор за нови.

На тој ден, новите желби за следната година треба да ги напишете и да ги ставите под новогодишната елка за да испратите духовни молби за нивно исполнување. Енергијата на зимската краткодневица дефинитивно ќе ви помогне да ги исполните вашите планови.

Магична ноќ

Уште од античко време, краткодневицата го симболизира почетокот на следната фаза во животот на човекот. Се верува дека зимската краткодневица е денот кога повторно ќе се роди сонцето. Овој ден е идеален за разни ритуали и обреди бидејќи означува раѓање на нов живот.

Зимската краткодневица, а особено ноќта, е време за анализа, медитација, креирање нови планови и желби, односно правење промени што може да донесат подобрување на животот на секоја личност. Искористете ја можноста.

Можеби сакате да ги дознаете и народните верувања: Еве како не смеете да влезете во Новата година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар